1. Прескокни до содржината
  2. Прескокни до главната навигација
  3. Кон други страници на DW

Победа на конзервативците во Словенија

4 октомври 2004

Во Словенија ќе дојде до промена на владата. На парламентарните избори вчера на лидерот на конзервативната опозиција Јанез Јанша за првпат му успеа да ги победи 12 години владејачките либерални демократи.

https://p.dw.com/p/Ad3s
Панорама на Љубљана, главен град на Словенија
Панорама на Љубљана, главен град на СловенијаФотографија: transit

Неговата Словенечка демократска партија според моменталните резултати освои 29 насто гласови и со тоа е најсилната патија во парламентот, но ќе зависи од коалиционен партнер. Либералните демократи, кои поред 4 години освоија скоро 33 насто, паднаа на 23 насто гласови.

Славје во централата на конзервативната словенечка демократска партија СДС. Аплаузи за партискиот шеф Јанез Јанша, победникот на овие избори:

“Кога ќе формираме влада на Словенија, ќе ја продолжиме проевропската политика. Словенија е дел на ЕУ и на НАТО. Нашите активности ќе ги договараме со нашите партнери во сојузите. Конфликтите со нашиот сосед ќе ги решиме низ дијалог и ќе го поддржиме на патот кон Европската унија“.

Се мисли на словенечкиот конфликт за точноста на границата со Хрватска кој неодамна повторно се појави. ЕУ ги притиска обете земји да најдат решение. Јанша и неговите политичари уште повеќе го заострија во предизборната кампања со што може да се објасни дел од неговиот успех. Неговата партија освои околу една третина од местата во парламентот и претставува најсилна фракција. Шефот на досегашната либерално-демократска влада Антон Роп синоќа констатира:

“Либерално демократската ЛДС е на второто место“.

Изборниот резултат не претставува големо изненадување: атмосферата за промена беше видлива, смета досегашниот министер за надворешни работи Иво Вајгл:

“Луѓето сакаа промена на владата. Либералните демократи владееја 12 години и граѓаните можат да бидат горди на постигнатото. Но, откако беа постигнати големите цели – членство во ЕУ и НАТО – луѓето сакаа нови ликови и ги добија“.

За да има стабилно мнозинство Јанша ќе мора да разговара со сите – покрај со радикалите, тука се партијата на пензионерите и претставниците на малцинствата.