1. Прескокни до содржината
  2. Прескокни до главната навигација
  3. Кон други страници на DW

„Ги потценивме исламистите“

Аделхајд Фаљке/сн23 март 2016

За ефикасно справување со џихадизмот европската соработка мора да биде масивно засилена, вели политикологот Асием Ел Дифруи во интервју за ДВ.

https://p.dw.com/p/1IHzi
Фотографија: DW/G. Matthes

Дојче Веле: Каков сигнал произлегува од нападите во Брисел?

Асием Ел Дифрауи: Овде станува збор не само за Белгија, туку и затоа да му се зададе удар на Брисел, како главен град на ЕУ но и на сите нас Европејците. Она што изненандува е небрежноста на белгиската полиција во поглед на соработката на европско ниво. Луѓето по апсењето на Салах Абделсалем пред пет дена, многу ја тапкаа по рамо полицијата, иако беа пронајдени запалки за бомби и иако нови луѓе де појавија на радарот на безбедносните служби, за кои не се знаело. Силите за безбедност во изминатите денови сепак , за разлика од состојбата по париските атентати во септември не го подигна нивото на опасност.

Дали тие ја потценија моќта, силата на делување и степенот на организираност на екстремистите и џихадистите?

Се разбира, сите го потценија тоа. Се чудеа дека има толку многу луѓе кои имаат врска со тоа. По апсењата можеше да се претпостави дека постојат и други терористички ќелии-откако беше востановено дека во сето тоа учествувале и Французи, како и дека во изминатите недели имало неуспешни акции. Никој не сака отворено да ги критикува Белгијците. Но станува збор за немарност која постои веќе 30 години. Само за потсетување: подготовката на нападите од 11 септември 2001 истотака се одвивала во бриселската населба Моленбек. Тогаш еден лажен ТВ тим во експлозија на бомба го усмрти лидерот на авганистанската Северна алијанса.

Што мора да следува?

Мора да се засили пред сѐ европската соработка и тоа енормно. ЕУ мора да размисли како да постигне највисок степен на соработка, не само во сузбивањето на терористичката опасност туку и во превенцијата и дерадикализацијата.

Но Европол/Интерпол веќе со години соработуваат на тоа поле. Каде заглавува таа соработка?

Очигледно дека не постои доволно политичка волја за откажување од сувереноста на национално ниво, на ниво на поединечни земји и нивните суверени права. Поинаку тоа не може да се објасни.

Зарем тие уште не се во состојба да ги сватат организациските структури на терористите и нивниот начин на размислување?

Тие ги разбираат се подобро, ама за тоа не се води отворена дебта. Белгија едвам и да има политика на превенција. Европскиот координатор за борба против тероризмот Жил де Керхов пред една година изјави дека мора уште многу да се надомести. Сега тоа конечно би требао да се направи. А Германија би можела да помогне во сето тоа.

Quadriga Asiem El Difraoui
Асием ел ДифрауиФотографија: DW

Што овие напади значат за Германија. Дали се причина за поголема загриженост?

Заканата веќе подолго време е релативно голема. Се знаеше дека вакви работи ќе се случат. Тие и повторно ќесе случуваат. Но заканата ќе се намали ако се држиме заедно и ако соработуваме. Но во никој случај не смееме да мислиме дамо на сопствената национална држава ниту да западнеме во паника.

Можете ли да ни објасните каква врска овие напади имаат со „Исламска држава“?

Веќе 30 години го занемарувавме џихадизмот. Сега се позамимававме до Исламска држава. Но,постојат и руги групации. Станува збор за вкоренета и широко распространета идеологија, против која не се бориме заеднички. Но токму во јужните делови на Средоземјето (Сверна Африка, Блиски Исток) таа има свои социо-економски корени. Но ние како Европејци заеднички не ги сузбивамепричините за џихадизмот. Потребна ни е политика на солидарност со земјите, каде џихадизмот предизвикува многу повеќе жртви. А ние таму не преземаме ништо. Тоа ја покажува неспоособноста на Европа!

Значи поголема соработка со европските соседи и повеќе безбедносно-политичка соработка во Европа. дали е тоа доволно?

Потребен е Маршалов план за Северна Африка и за Блискиот Исток, за земјите кои се плодно тол за настанување на џихадизмот.

Дали атентатите ќе доведат до пресврт во дебатата за бегалците?

Екстремистите пред сѐ сакаат да поларизираат! не смееме да паднеме во таа стапица. Со оглед дека џихадистите многу подобро не познаваат отколку ние нив, тие постојано се обидуваат да го поделат нашето општество и да предизвикаат страв. Токму во оваа стапица не смееме да паднеме!

Асием ал Дифаури е германски политиколог со потекло од Египет, кому специјалност му е џихадизмот и џихадистичкта пропаганда на интернет.