1. Прескокни до содржината
  2. Прескокни до главната навигација
  3. Кон други страници на DW

Петерсен:статусот на Косово –до крајот на 2006 година?

28 октомври 2004

Во интервју за АРД радио за Југоисточна Европа новиот шеф на меѓународната управа на Косово Сорен Јесен Петерсен за првпат одреди временска рамка за преговорите за статусот.Зашто, Косово не може повеќе да живе во неизвесност,изјави данскиот дипломат со долгогодишно балканско искуство

https://p.dw.com/p/Ad2M
Фотографија: AP

"Зашто, да се држи Косово во неизвесност околу иднината не е во ничиј интерес.Крајно тоа е декларирана цел за стабилизација и нормализација на Косово и со тоа и на целиот Западен Балкан и на Србија.”

Како Петерсен тоа сака да го постигне;најпрво косовските партии по парламентарните избори од саботата не би смееле да изгубат ни миг и колку што е можно побрзо да формираат коалициона влада подготвена на преговори:

"Тие немаат многу време за губење,зашто новата влада до средината на идната година треба да ги исполни бараните стандарди,по што би можеле веднаш да започнат преговори околу идниот статус на сегашната српско црногорска покраина."

Дали косовските Албанци при овие преговори ќе можат да ја протуркаат нивната жедно посакувана независност или ќе се задоволат со компромис со Белград,Петересен смета дека од денешен аспект се можни само шпекулации:

"Јас повторно немам коментар на тоа."

Но ако косовските Албанци се приближат кон својата цел,тогаш новата влада во секој случај треба да ги исполни стандардите до летото 2005 година,а тие се :

"Безбедноста,правната држава,заштита на малцинствата,слобода на движењето,враќање на протераните и децентрализација."

Со други зборови:

"Ако ситуацијата со српското малцинство на Косово не се подобри драстично,идната гоидна нема да има преговори за статусот."

Соодветно јасен апел и и до Србите.Нивниот изборен бојкот е разочарување за меѓународната управа:

"Постојат во Белград и на Косово луѓе кои го блокираат првиот чекор во правец на мултиетничко Косово."

Шефот на УНМИК сега се надева дека српските политичари најмалку ќе ги прифатат десетте парламентрани места кои автоматски им следуваат како на малцинство:

"Тоа што можам да му понудам на Белград е ветувањето на многу тесна заедничка соработка со косовските Срби,но истовремено и тесен дијалог со Белград."

Најважното за Белград,што не можам да им го понудам на тамошните политичари е ЕУ перспективата.Тука се повикани и членките на ЕУ да ја подобрат својата стратегија.За Белград мора да биде јасно дека секоја негова поддршка на изградбата на мултиетничко Косово ги подобрува шансите за приближување кон ЕУ,"вели Петерсен.

Ако преговорите за идниот стаус на Косово всушност почнат веќе следното лето,тогаш шефот на УНМИК претпазливо проценува:

"Би рекол дека време од 12 до 18 месеци би било потребно за нив."

Тоа значи,до крајот на 2006 година,би требало да биде разјаснет идниот статус на Косово.