1. Прескокни до содржината
  2. Прескокни до главната навигација
  3. Кон други страници на DW

Петерсен инсистира на решавање на статусот на Косово

11 февруари 2005

Во оваа година ќе треба да се реши судбината на Косово. Шефот на УНМИК Сорен Јесен Петерсен е убеден во тоа. Токму затоа тој предупредува на зголемени безбедносни ризици и нови провокации меѓу албанското и српското население.

https://p.dw.com/p/Acvf
Ризици од повторување на немирите на Косово
Ризици од повторување на немирите на КосовоФотографија: AP

Кон средината на годинава ќе биде сериозно: кога конечно ќе започнат преговорите за статусот на Косово ќе се покаже кој ќе успее да се пробие. Албанското мнозинство на Косово бара независна држава, српското малцинство не сака да се откаже од врските со Белград.

Затоа шефот на УНМИК Петерсен предупредува пред нови насилства:

“Преговорите за статусот се приближуваат и затоа, според мене, расте ризикот од блокади и провокации“.

Пред скоро една година на Косово дојде до безредија во кои загинаа 19 лица. Сега, Јесен Петерсен пред амбасадорите на ОБСЕ во Виена предупреди Косово да не се испушти од дневниот ред. Полицијата на УНМИК и КФОР од таа криза извлекоа поуки. Сега се подобро подготвени за евентуални немири, вели Данецот, но во секој случај е далеку подобро да се спречат нови изливи на насилство:

“Бидејќи стабилноста на Косово, и покрај сиот напредок, се уште е кревка, не е потребно многу за да се запали оган“.

Во вторникот, на 8 овој месец, летна во воздух автомобилиот на српскиот политичар Оливер Ивановиќ. Тоа се случи во Митровица. Ивановиќ важи за умерен претставник на српското малцинство и за среќа не беше во автомобилот. Кој стои зад нападот, за тоа Јесен Петерсен не сака да шпекулира:

“Ми олесна откако разбрав дека ништо не му се случило. Во меѓувреме, ќе ги чекаме разултатите на истрагата“.

Воопшто не е исклучено да се повторат вакви напади. Дипломатите предупредуваат дека во иднина ќе се зголемат и затегнатостите меѓу различни срспки групации. Петерсен бара од српското малцинство да се вклучи во дискусијата за иднината на Косово и да престане да ги блокира институциите. Тој на преставниците на ОБСЕ јасно им укажа дека решението за статусот на Косово веќе не може да се одложува. Шефот на УНМИК по две недели ќе го информира и Советот за безбедност дека институциите на Косово, на патот кон толеранција и демократија направиле напредок, што е најважниот услов на меѓународната заедница. Ако нема никакви инциденти, Албанците и Србите веќе по неколку месеци би можеле да разговараат за конечниот статус на провинцијата.