1. Прескокни до содржината
  2. Прескокни до главната навигација
  3. Кон други страници на DW
Дигитален свет

Петер Лимбург реизбран за генерален директор на Дојче веле

28 септември 2018

Радиодифузниот совет на Дојче веле во Берлин го реизбра на функцијата генералниот директор на куќата, Петер Лимбург, во следните шест години.

https://p.dw.com/p/35e7M
Intendant der Deutschen Welle Peter Limbourg
Фотографија: DW/R.Oberhammer

Радиодифузниот совет на Дојче веле на својата седница на 28. септември 2018 година во Берлин, во првиот круг гласање и без гласови против, го реизбра на функцијата генералниот директор на куќата Петер Лимбург во следните шест години. Лимбург на чело на Дојче веле е од 1. октомври 2013. година.

Прелатот д-р Карл Јистен, претседател на Радиодифузниот совет на Дојче веле, истакна: „Во својот прв мандат, Петер Лимбург како генерален директор спроведе решавачки промени и итно потребни иновации, неопходни за обезбедување на иднината на Дојче веле во меѓународната конкуренција. Германската информативна куќа со програма за странство сега е во најдобра позиција од било кога и бележи енормно зголемување на своето новинарско значење. Радиодифузниот совет се радува на натамошното следење на Петер Лимбург во неговата успешна работа.“ 

Лимбург на членовите на Советот им се заблагодари за „големата доверба, огледана во исходот од гласањето“. Ова е „исклучителна база која на Дојче веле ќе му овозможи уште поголем подем во меѓународни рамки во идните години.“ Генералниот директор Лимбург изрази благодарност до водечките луѓе и соработниците на Дојче веле за добрата и успешна заедничка соработка во неговиот прв мандат на функцијата.