1. Прескокни до содржината
  2. Прескокни до главната навигација
  3. Кон други страници на DW

Пет години по косовската војна: Во интервенцијата на НАТО германскиот Бундесвер беше првпат воено ангажиран

22 март 2004

Како КФОР ќе дејствува натаму на Косово, е предмет на идни дебати. Мисијата во таа покраина, и претходно косовската војна, во секој случај, беше првиот ангажман на војници на германскиот Бундесвер, надвор од границите на нивната земја. Бундесверот првпат, во текот на интервенцијата на НАТО, првпат во нивната историја, бомбардираа друга земја. Прашање што жестоко ги разбранува духовите во Германија и предизв

https://p.dw.com/p/AdGa
Трансал транспортен авион на Бундесверот
Трансал транспортен авион на БундесверотФотографија: AP

ика емотивни дискусии и дебати.

Тоа не беше првиот ангажман во странство, но беше првиот воен ангажман. Од почетокот на 90-тите години Бундесверот постојано поддржуваше мисии на ОН и притоа даваше голема хуманитарна помош.

Колку малку беше тоа само посебе разбирливо, покажува една тужба пред уставниот суд во 1994 година. Фракцијата на СПД, која тогаш беше во опозоција, и делови на фракцијата на либералите, тогаш дел од владата, поднесоа тужба против ангажман во странство. Тужителите сакаа расчистување на улогата на парламентот во случаи кога армијата треба да биде ангажирана во странство, од една страна, и од друга страна бараа да биде расчистено дали уставот воопшто дозволува мисии на Бундесверот во странство. Решението на уставниот суд – дека мисии со мандат на ОН или на НАТО се во согласност со уставот и дека притоа парламентот треба да го има последниот збор, создаде предуслови за првата воена мисија.

Но, претходно, Бундесверот имаше повеќе мисии на Балканот, меѓу кои и во 1995/96 година како дел од силите ИФОР во Босна и Херцеговина. Притоа се собрани важни искуства во справувањето со крисни ситуации, вели вице адмиралот Ханс франк, претседател на Германската академија за безбедносна политика:

”Ние во тоа време постојано бевме задолжени за т.н. стабилизирање по една мисија. Но, самите не водевме мисија. ”

Употребата на воено насилство во 1999 година на Косово беше критичниот момент. Дотогаш германските војници во странство, во најдобар случај, можеа да употребат оружје само како средство за самоодбрана. Сега НАТО доенсе заклучок да ај бомбаридра Југославија од воздух за да им сатви крај на повредите на човековите права на Косово. Бундестагот даде согласност во октомври 1998 година, а нападите почнаа на 24 март 1999 година. Бундесверот леташе со 14 торнада во околу 500 акции на набзудување на теренот, но и против југословенската противвоздушна одбрана. Ханс Франк вели:

”Мора да се сфати дека за Бундесверот тоа беше решавачки и сосема нов чекор, кој се вброи во низата чекри преземени претходно. Но, тоа беше пред се за политички чекор во Германија и тоа многу важен чекор! Зашто ова решение да се оди во војна, беше решение кое дотогаш владата не беше ставена во стуација да го донесе.”

И по почетокот на нападите на НАТО сите апртии, освен ПДС, се изјаснија за германско учество. Седум од 47/те пратениц на зелените бараа итен прекин на мисијата, но партискиот врв, на чело со министерот за надворешнир аботи, Јошка Фишер, беше ЗА.

Воениот ангажман на Бундесверот премина во мисија на стабилизирање. Денеска контингентот на Бундесверот во рамките на КФОР еден од најголемите.