1. Прескокни до содржината
  2. Прескокни до главната навигација
  3. Кон други страници на DW

Пет години од почетокот на нападите на НАТО

24 март 2004
https://p.dw.com/p/AdGU
Кога НАТО на денешен ден во 1999 година ги започна воздушните напади тоа беше првпат во ерата на Слободан Милошевиќ Србија да стане воен плац. Денес, пет години по војната и три ипол години по соборувањто на Милошевиќ се зборува за влегување во Европската унија - во кругот на оние европски земји од кои повеќето учествуваа во бомбардирањата. Милан вели:
"Најпрвин видовме силна светлина. Потоа мојот брат почна да брои колку време ќе мине по светлината. Тоа значи колку подолго броиш толку подалеку е експлозијата. Стигна до повеќе од 30 и мислевме дека нешто друго се случило. А, потоа слушнавме експлозија". Тоа беше милановото прво воено доживување. Тогаш, пред 5 години, тој имаше 17. Беше пред својата куќа во Приштина кога НАТО ги започна воздушните напади. Првите бомби паднаа недалеку од главниот град на Косово:
"Првите денови и првиот месец спиевме во подрум. Чувавме стражи и така минаа првите десет декна. Потоа се беше релативно нормално, освен што немавме струја".
На неговите албански сограѓани тоа време им остана во полошо сеќавање: проверки на домовите, стрелања, протерувања. Тоа го знае и Милан, но не верува во масовно чистење на Албанците од страна на југословенската армија. По војната кога околу 800 илјади косовски Албанци се вратија, Милан и неговото семејство мораа да бегаат. Оклу 230 илјади Срби и Роми избегаа поради закани од одмазда, но и вистински акти на одмазда во кои имаше и мртви. Милан сега студира во Крагуевац и не сака да се врати на Косово:
"Првите две години сакав, но колку повеќе време минува, толку е тоа понереално. Радо би се вратил, но само да прошетам низ градот. Јасно ми е дека таму веќе не можам да живеам како порано".
Милан не сака да го поставува прашањето за тоа кој беше виновен за војната. Иако во нападите на НАТО учествуваа голем број земји од Европската унија, тој иднината на Србија ја гледа во Европа:
"Што уште да кажам? Да не сакам во Европа зашто ме бомбрадирале? Тоа е сосема идиотски, мислам. И повеќето луѓе што ги познавам размислуваат исто".