1. Прескокни до содржината
  2. Прескокни до главната навигација
  3. Кон други страници на DW

Пекинг го уверува Белград дека ќе стави вето за независно Косово

28 октомври 2005

Српската дипломатија во офанзива да обезбеди гаранции дека Косво нема да добие независнот. Министерот за надворешни работи Вук Драшковиќ кој престојува во официјална посета на Кина, добил ветување дека Пекинг ќе постави вето за ова прашање во советот за безбедност. Шефот на УНМИК Сорен Јесен Петерсен ги повика властите на Косово да бидат подготвени за преговорите и побара од парламентот да биде усвоена р

https://p.dw.com/p/AcfC
Вук Драшковиќ
Вук ДрашковиќФотографија: AP

езолуција со која ќе превземе дел од улогата во процесот

„Косово за Србија, е исто што и Тајван за Кина„ Со овие зборови Драшковиќ настапил пред кинеските власти со кои разговарал за проблематичното прашање за чие решавање допрва треба да започнат преговорите меѓу Белград и Приштина. Шефот на српско-црногорската дипломатија изјави дека добил уверување дека територијалната целовитост на земјата ќе бие зачувана, односно дека Пекинг нема да дозволи менување на меѓународните граници и меѓународното право.

Шефот на УНМИК во покраината Сорен Јесен Петерсен, по одвоените средби со претседателот Ибрахим Ругова и првиот парламентарец Неџат Дачи, истакна дека ксовските политичари мора во целост да бидат подготвени за преговарачкиот статус кои почнуваат за неколку денови.

Петерсен смета дека Косово треба да му покаже на светот каков статус и иднина сака да изгради, додавајќи дека без сомнение тоа треба да биде демократско општество, базирано врз владеење на правото

„ Мислам дека би било добро парламентот побргу да ја одржи седницата и да донесе добра и јасна резолуција според која ќе се раководи преговарачкиот тим. Тој добро ја знае својата цел, но мислам дека и парламентот треба да ја одигра својата улога во преговарачкиот процес„ рече Петерсен кој го предупреди преговарачкиот тим да прејде од зборови на дело.

Кабинетот на српскиот премиер Коштуница смета дека ваквото барање на Петерсен е чудно, имајќи во предвид дека и досега тој морал да поништи неколку донесени резолуции кои се однесувале на планот за независност на покраината. Оттука според владиниот кабинет во Белград не може да се очекува поинаква резолуција.

Претседателот на Косово Ибрахим Ругова, кој е еден од членовите во преговарачкиот тим, преговрите ги гледа како финален процес на создавање на државноста на Косово. Денеска според најавите во неговата резиденција треба да се состанат на целиот преговарачки тим во кој покрај него, учествуваат и премиерот Бајрам Косуми, претседателот на парламентот Неџат Дачи и лидерите на опозицијата Хашим Тачи и Ветон Сурои.

Петерсен соопшти дека разговорите за статусот ќе започнат во деновите по 2 Ноември, односно по состанокот во Вашингтон на контакт групата. На состанокот се очекува да биде присутен и Марти Ахтисари, кој треба да биде именуван за специјален преставник на ОН во преговорите за идниот статус на Косово.