ПДП излегува од Парламентот, ДУИ најави ваков чекор
22 јануари 2007Реклама
Партијата за демократски просперитет излегува од македонскиот парламент. Тројца пратеници од оваа партија повеќе нема да присуствуваат на собраниските седници од незадоволството поради непочитување на Бадинтеровиот принцип, нефункционирањето на комитетот за односи меѓу заедниците, но и насилството во инситуциите. Претседателството на партијата вчера заседаваше четири часа и донесувајќи ја оваа одлука изрази загриженост за состојбата во Македонија, која според ПДП се враќа во времето од 2001-ва година. Продолжува да функционира и нивната коалиција со Демократската Унија за интеграција. Инаку и ДУИ завчера најави напуштање на работата на Парламентот поради слични причини.