1. Прескокни до содржината
  2. Прескокни до главната навигација
  3. Кон други страници на DW

Патот кон НАТО не е идентичен за сите земји од Балканот

23 јуни 2004

Единствено нешто што е исто од основањето на Алијансата наваму е тоа што нејзините врати остануваат отворени –истакнува Џејмс Апатураи, портпаролот на НАТО, во интервју за Дојче Веле .Тој, воочи Самитот на Алијансата во Истамбул, зборува за перспективите на земјите од Балканот за пристапување кон НАТО .

https://p.dw.com/p/AdAJ
Фотографија: dpa

"Брзините се различни , односно различно е траењето на процесот на пристапување за секоја од земјите. Три земји во тој регион се формално дел од тој таканаречен акционен план кој впрочем им помага да ги исполнат сите неопходни стандарди – политички воени и економски, односно стандардите на кои инсистира НАТО кога се во прашање новите земји членки. И тоа е практично тој пат кон членството во Северноатлатнската Алијанса. Кога станува збор за Балканот – Хрватска , Албанија и Македонија се веќе дел од тој план, меѓутоа останатите земји сеуште се немаат изјаснето дали сакаат да бидат дел од НАТО Алијансата. Таков е да речеме случајот со Србија и Црна Гора и Босна и Херцеговина. Но тие изразија подготвеност и желба да влезат во програмата Партнерство за мир, што многумина го гледаат како прв чекор кон изработката на акциониот план а потоа и кон членството. Земјите кои сакаат да пристапат кон програмата Партнерство за мир , пораат да спроведат определени воени реформи и мораат јасно да покажат подготвеност но и конкретна соработка со Меѓународниот Суд за воени злосторства во Хаг. Земјите членки на НАТО тој процес внимателно го следеа а особено во поглед на соработката со Трибуналот. Значи патот за влегување на Алијансата не изгледа идентично за сите . Секоја од земјите е на некое друго ниво при исполнувањето на сите тие обврски. Но едно нешто остана исто, од 1949 година наваму значи од основањето , вратите на НАТО останаа отвроени за нови членки"-изјави за ДВ портпаролот на Алијансата.