1. Прескокни до содржината
  2. Прескокни до главната навигација
  3. Кон други страници на DW

Пандемијата создаде купишта медицински отпад

Улрике Кваст
1 февруари 2022

Од почетокот на пандемијата светот на своите плеќи носи дополнителни 200.000 тони опасен медицински отпад, од кој голем дел - пластика, соопшти СЗО. Отпадот го загрозува здравјето и животната средина.

https://p.dw.com/p/46MHY
Medizinischer Müll Corona-Pandemie
Фотографија: Vladimir Smirnov/TASS/imago images

Околу 30% од сите болници и лекарски ординации во светот немаат систем за делење на отпадот, соопшти Светската здравствена организација. Во најсиромашните земји, дури 60% од медицинските установи немаат ниту основно менаџирање со медицинскиот отпад.

Сега пандемијата на Ковид-19 дополнително го заостри проблемот. Медицинскиот отпад претставува опасност по здравјето и животната средина. Населението во сиромашните земји е загрозено од несоодветнотретирање на отпадот, како палење отпад на отворено, контаминирана вода или штетници кои предизвикуваат болести. Голем дел од пластичниот отпад таму завршува во земјоделството или во водата.

Само искористените игли, шприцови и садови за медицински потреби, според студијата на СЗО објавена во Женева, сочинуваат 144.000 тони отпад. Кон тоа треба да се додадат и 87.000 тони заштитна облека, при што маските за приватна употреба воопшто не се пресметани. „Скафандерите“ кои ги носат лицата кои тестираат создаваат околу 2600 тони отпад, а треба да се споменат и околу 731.000 литри течен хемиски отпад.

Medizinischer Müll Corona-Pandemie
Пандемијата на Ковид-19 дополнително го заостри проблемот со медицинскиот отпадФотографија: Aditya Irawan/NurPhoto/imago images

Според истражување спроведено во пет азиски земји, на секој болнички кревет дневно отпаѓале 3,4 килограми инфективен отпад, или десетпати повеќе во споредба со нормални времиња.

- повеќе:  Германија фрла сѐ повеќе неискористени вакцини

СЗО бара земјите да спроведат стратегии за менаџирање на отпадот и да ги подобрат постоечките мерки за отстранување на медицинскиот отпад. Тоа важи и за здравствените кризи во иднина. СЗО бара пакувања кои се поеколошки, заштитна облека која ќе може да се употребува повеќепати, заштеда на заштитна облека со придржување до едноставни хигиенски правила и инвестиции во системи за рециклирање, како и отстранување на отпадот со висок степен на заштита на животната средина.

Преку разделување до поефикасно рециклирање на отпадот