1. Прескокни до содржината
  2. Прескокни до главната навигација
  3. Кон други страници на DW

Пак-Решавањето на статусот на Косово е процес

27 јануари 2007

Одредувањето на статусот на Косово е процес во кој се вклучени многумина , и независност нема да биде прогласена со удар во ѕвоно- вели за ДВ германската пратеничка во Европарламентот Дорис Пак ,по состанокот на Контакт групата во Виена на кој специјалниот пратеник на ОН Марти Ахтисари ги претстави своите предлози за решавање на статусот на Косово

https://p.dw.com/p/Adgb
Фотографија: dpa

По состанокот зад затворени врати , не беа соопштени подробности за планот на Ахтисари но од дипломатски извори можеше да се чуе дека се појавува спор во меѓународната заедница околу брзината со која треба да се одвива процесот за решавање на статусот на Косово Русија имено бара повеќе време да го разгледа предлогот , додека останатите членки на Контакт групата бараат на планот за решавање на статусот на Косово да му биде поставено временско ограничување. Европската Унија и САД очекуваат од Русија да одигра позитивна улога за да може Советот за безбедност на ОН да ја усвои новата резолуција со која ќе биде одреден новиот меѓународен статус за за Косово .Според дипломатски извори , Русија вчера била скептична кон предлогот на Ахтисари , кој нуди суверенитет на Косово под надзор на ЕУ и нејзиниот претставник побарал повеќе време за разгледување на предлозите на специјалниот пратеник на ОН .

Гернот Ерлер државен секретар во германското министерство за надворешни работи вели дека руските барања ќе бидат сфатени сериозно :

Пред да зборуваме за Советот за безбедност , требаме да го имаме предвид текот на преговорите за Косово . Марти Ахтисари на втори февруари ќе го изнесе предлогот кој потоа ќе го разгледуваат властите во Белград и во Приштина. Притоа сметаме дека двете страни би можеле да постигнат договор во последната минута . Ако не дојде до тоа во март ќе се занимаваме со оваа тема во Советот за безбедност . Но нагласувам дека иако не ја исклучуваме можноста позитивни резултати од двете преговарачки страни , Руските барања ги сфаќаме сериозно” –истакна Ерлер .

И европарламентарката од редовите на германската Христијанско Демократска Унија Дорис Пак упатува на тоа дека решението за Косово нема да биде објавено одеднаш :

О-Тон

Тоа што ни претстои е процес . Нема да биде прогласена независност со удар во ѕвоното туку тоа е процес во кој се уклучени многумина.

По опсежни преговори меѓу Белград и Приштина Марти Ахтисати својот предлог ќе го изнесе пред Советот за безбедност на ОН и потоа ќе биде донесена одлука за статусот . Се надевам дека тоа ќе се случи на почетокот од летото.

Тоа не може премногу да се одложува . Нам ни е потребна мирна ситуација во регионот, пред се тоа им е потребно на Србите и на Албанците и само доколку таму владее мир, само тогаш и кај нас ќе биде донекаде мирно- вели Дорис Пак, која е претседател и на Комисијата за Југоисточна Европа во Европскиот парламент.