1. Прескокни до содржината
  2. Прескокни до главната навигација
  3. Кон други страници на DW

Пазарењето со Турција има своја цена

Барбара Везел/превод: Ж.А.5 мај 2016

ЕУ склучи дил со Турција за да го симне од врат напливот мигранти. Но, кој ќе се фати за орото, мора да го игра докрај и на Анкара да и‘ ги направи договорените отстапки во форма на безвизен режим, смета Барбара Везел

https://p.dw.com/p/1Iibw
Фотографија: Getty Images/C. McGrath

Се разбира, тоа е уцена: без заобиколувања, владата во Анкара се закани дека нема веќе да прима назад бегалци од Грција ако ЕУ не им обезбеди безвизен режим на турските граѓани. Но, за ваква ситуација секогаш се потребни двајца: уценувачот и оној кој се довел во ситуација да биде уценуван. Кога и да е, владата на Ердоган мора да го добие ветеното од Европа, па колку на многумина Европејци и да им паѓа тешко плаќањето на цената.

Дали допрва се открива антидемократската политика на Ердоган?

Европејците сега не треба да се прават дека дури преку постапката за визната либерализација го откриле се‘ поголемото оддалечување на Турција под палката на Ердоган од патот на демократијата. Ако ги читаа своите сопствени годишни извештаи за напредокот на земјата кон ЕУ, уште одамна ќе им беа познати детално сите проблеми. Но, автократот од Босфоворот беше прифатлив на дипломатскиот паркет за да може со него да се склучи дилот за бегалците. Внатрешнополитичкиот притисок во некои ЕУ-држави, меѓу кои и во Германија, беше толку силен, што владите беа спремни да ги прогледаат дамките на неговата демократска одора.

Barbara Wesel Kommentarbild App *PROVISORISCH*
Барбара Везел

Да ја погледнеме целата работа од другастрана: Турција веќе прифати околу два милиона сириски бегалци, иако некои од нив живеат таму во бедни услови. Зошто таа инаку би се согласила да вдоми уште поголем број Сиријци, ако не добие нешто за возврат? Трите милијарди евра, ветени од Европејците, всушност не се влеваат во државната каса, туку во проекти за подобро згрижување на бегалците во земјата. Кој би бил поттикот за турската влада, ако не се работеше за политичкиот ас, да се добие со децении посакувата визна либерализација од ЕУ?

Турција не употреби пиштол за принуда на Европејците да го склучат договорот за бегалците. Сосем спротивно, тоа беше резултат на очајничкиот обид на Ангела Меркел во спречувањето имлозија на Европа поради бегалската криза. Таа преживеа нелагодни настапи со претседателот Ердоган, дозволи понижувања, се разбира, со полна свест за цената која ќе ја има зделката. Сега нејзините сопартијци не треба да изигруваат политички девици, барајќи Турција да не добие никаков „бегалски рабат“. Се разбира дека има попуст! Што друго?

Дилот за бегалците со Турција беше грешка

Во Брисел сега гласно се бара расправа со Турција со цел вршење позитивно влијание врз нејзината политика. Убаво е кога на ваков начин се врши одржување на принципот на надеж. Но, може да се биде и реалистичен и да се признае - Турција, откако ЕУ со децении не и‘ обрнуваше внимание, сега е свртена во недемократски правец. А тоа воглавно мора беспомошно да се посматра.

Да нема недоразбирања: Европа мора од утро во вечер да ги критикува кршењата на човековите права, прогонувањето на Курдите, процесите против новинарите. И таа треба да употреби секаков политички или економски притисок за сузбивање на дикататорските тенденции на Ердоган. Бегалскиот договор со Турција под дадените услови воопшто не смееше ни да биде склучен. Тоа е еден валкан дил. А срамота е за Европа што не може да прими најмалку ист број сириски бегалци колку и Турција. Но, преправањето и откривањето отпосле на сомнителната демократска веродостојност на Анкара, едноставно е - лицемерие. Оној кој порачува, тој и ја плаќа сметката, тоа важи и во политиката.