1. Прескокни до содржината
  2. Прескокни до главната навигација
  3. Кон други страници на DW

Официјална Подгорица ќе се позиционира неутрално во однос на преговорите за Косово

26 ноември 2005

Со ваков став властите во Црна Гора го дочекаа специјалниот преставник на ОН Марти Ахтисари кој претпладнево ги финишира средбите, по што е планирано да замине за Скопје.

https://p.dw.com/p/Accj
Мило Ѓукановиќ
Мило ЃукановиќФотографија: DW-TV

Властите во Подгорица сметаа дека можат индиректно да помогнат како пример за функционален концепт на мултиетничко општество во регионот. Премиерот Мило Ѓукановиќ на Ахтисари му го пренел ставот дека процеасот за дефинирање на статусот на Косово може да тече паралелно со решавањето на државното прашање на Црна Гора, со што би се зацврстила стабилноста во регионот. Ѓукановиќ го повторил ставот на владата дека статусот на покраината треба да биде решен низ дијалог Белград Приштина, во посердство на меѓунариодната заедница и почитување на резолуцијата 1244 на советот за безбедност

Ахтисари во Подгорица допатува од Белград, каде по разговорите со тамошните власти изрази надеж дека преговоирите помеѓу Белград и Приштина ќе започнат на почетокот на наредната година. Идниот статус на покраината според него подразбира исполнување на стандардите

„Кога зборуваме за стандардите на Косово мислиме на акција на косовските албанци но и поддршка од сите малцински групи, пред се срби. Сакам да истакнам дека е важно Белград да го поддржи и охрабри српското население да учествува во процесот за решение на проблемот„

Специјалниот преставник не гледа разлика во ставовите на премиерот Восиалв Коштуница и претседателот Борис Тадиќ.

„Не гледам причина зошто има недоразбирања помеѓу нив. Премиерот ме запозна со општата владина рамка а со минисѕтерот и претседателот само детално ја разгледавме„

Специјалниот преставник не сакаше да даде оценка за предлогот на Тадиќ за формирање на два ентитета во покраината, српски и албански. Ова прашање не било тема на разговорите.

„Ќе потсетам уште еднаш дека контакт групата ги утврди главните принципи за преговори а тоа се безбедност и заштита како и неприфаќање на поделба на покраината„

Марти Ахтисари вечерва треба да допатува во Скопје, каде во текот на утрешниот ден треба да разговара со државно политичкиот врв. По Скопје ќе ја посети и Тирана.