1. Прескокни до содржината
  2. Прескокни до главната навигација
  3. Кон други страници на DW
Култура

Отплови „панонскиот морнар“

ДТЗ
19 февруари 2021

Легендарниот кантавтор Ѓорѓе Балашевиќ почина на 67. годишна возраст како последица на Ковид-19

https://p.dw.com/p/3pceq
Djordje Balasevic I serbischer Sänger verstorben
Фотографија: Romanski

Легендарниот кантавтор Ѓорѓе Балашевиќ почина денеска на 67. годишна возраст. Балканската музичка ѕвезда почина од компликации од Ковид-19 во Клиничкиот центар „Војводина“ во Нови Сад. Српските медиуми јавуваат дека тој пред три дена бил хоспитализиран поради тешко воспаление на белите дробови. 
Балашевиќ е српски пејач, текстописец, писател и актер. Тој е роден на 11 мај 1953 година во Нови Сад. Во неговата музичка кариера беше член на групите „Жетва“ и „Рани мраз“, а во 1982 година  ја за почнува и својата соло кариера.   Покрај музиката, тој како актер се појавува и во неколку телевизиски серии.  Има издадено повеќе албуми со голем број на хитови, коишто се пејат низ сите простори на поранешна Југославија. Балашевиќ важеше за најголем поет меѓу музичарите.