Основна плата: 1000 евра месечно плус
18 февруари 2016Организацијата „Мој основен приход“ има намера да го револуционализира светот на работата: на интернет секој може да се регистрира и, со малку среќа, да добие дополнителен приход. Со тркало на среќата се утврдува кој добива месечно по 1000 евра плус - цела една година, без оданочување.
Ваквата плата се финансира преку „краудфандинг“. Досега, околу 36.000 донатори го финансираа основниот приход за 32 лица.
Според основачите на проектот, основниот приход е клуч за поголема креативност, ефективно работење и претприемаштво.
Михаел Бомејер, основач на „Мој основен приход“, објаснува:
„... Затоа што исчезнува принуденоста да се работи и на луѓето им се овозможува да живеат живот на можности. Со ваква основа, тие можат да се прашаат: во што сум добар и со што можам да придонесам во општеството?“
Овде може да го погледнете видеото:
Тоа го доживува Јудит Менцл, која има добиено „Мој основен приход“. Нејзиното веганско кафуле особено во зимските месеци има малку промет. Со дополнителните 1000 евра месечно ѝ се симнува голем товар од рамената:
„Мојот личен живот е осигуран. Сега може да се фокусирам на тоа да го одржам кафулето во живот.“
Дискусијата околу основниот приход не е нова во светот. За негово воведување веќе со години се залагаат одделни партии и граѓански иницијативи. Критичарите сметаат дека најголем проблем е финансирањето. За тоа постојат и студии.
Виктор Штајнер, професор по економија на Слободниот универзитет Берлин, вели:
„Покажавме дека е можно да се финансира, но тоа би значело воведување многу поголема даночна стапка.“
Политички, основниот приход не е спроведлив. Идејата на организацијата „Мој основен приход“ веќе експандира: во САД е веќе подготвен да стартува краудфандинг-проект по урнек на германскиот.