1. Прескокни до содржината
  2. Прескокни до главната навигација
  3. Кон други страници на DW

Оптимистички пораки од Бундесверот за членството во НАТО

Силвера Падори27 февруари 2008

По првите разговори во Берлин со генералниот инспектор на Бундесверот Волфган Шнајдерхан, армиските врвови на земјите од Јадранската група добија позитивни сигнали за поканата за членство во Алијансата

https://p.dw.com/p/DDqa
Министерот за одбрана Јунг и Генерал ШнајдерханФотографија: AP

Првите луѓе на генерал-штабовите на земјите од Јадранската група, вчера и денес лобираат кај германскиот воен врв за идното членство на Македонија, Хрватска и Албанија во НАТО.

Најголем дел од подготовките завршени

Идејата од минатиот ноември за заедничка посета на врвот на Бундесверот, како што вели началникот на генералштабот на АРМ, генерал-потполковник Мирослав Стојановски се реализира во клучен момент.

За неполни два месеца е самитот во Букурешт кога се очекува и одлуката за новите членки на Алијансата.

Каква е пораката по средбата со Волфган Шнајдерхан, генерален инспектор на Бундесверот:„Пораките се оптимистички, позитивни. Врз основа на она што имавме можност да им го соопштиме за достигнувањата во одбрамбените сектори и она што тие го имаат како сознанија за прогресот во одбрамбените реформи, мислам дека може да сме задоволни. Во нашиот домен на работа најголем дел од подготовките се веќе завршени. Што се однесува до политичките критериуми, тоа не би сакал да го коментирам.Веројатно политичарите ќе направат се што е потребно оваа историска шанса да ја искористиме и доколку се биде во ред, се надевам дека нема да изостане долгоочекуваната поакна.” изјави за македонската програма на Дојче Веле генерал-потполовник Стојановски.

Решение за амортизација на проблемот

Го прашуваме првиот човек на АРМ, како гледа германскиот воен врв на евентуалното грчко вето: „Првенствено разговавме за теми од армискиот живот, оставајки ја политиката на страна. Она за што најмногу разговаравме беше интероперативноста и стандардите, она што е главната препорака и предуслов за да добиете евентуална покана за членство. Мислам дека дека сите држави се запознаени со пробеломот заради тоа што ќе треба да се донес одлука, која потоа во Букурешт ќе се соопшти. И покрај тоа што не сум голем оптимист мислам дека ќе се случи она што сите го посакуваме. Меѓународната заедница ќе најде начин да го амортизира постоечкиот проблем за да ја добиеме поканата, а потоа политчарите да работат за решавање на проблемот.”

Првите луѓе на генералштабовите на Македонија, Хрватска и Албанија денес се во посета на здружената оперативна команда на Бундесверот во Потздам. Таму од едно место се следедат сите мисии на Бундесверот во странство. Работата на оваа команда ќе биде пример кој еден ден и македонската армија ќе може да го следи вели генерал- потполковник Мирослав Стојановски.