1. Прескокни до содржината
  2. Прескокни до главната навигација
  3. Кон други страници на DW

Оптимизам за членството во НАТО

Силвера Падори20 јуни 2007

Валтер Колбо, заменик претседател на фракцијата на СПД во герамнскиот Бундестаг говори за перспективите на Македонија во НАТО и ЕУ, Косово, сработеното во германското претседателство со ЕУ...

https://p.dw.com/p/Ayat
Валтер Колбо со Петер Штрук и генерал ШнајдерханФотографија: dpa

1. Господине Колбо, со претседателот Бранко Црвенковски, тука во Берлин, разговаравте за првпат. Што беше во фокусот на оваа средба?

1.Тежиштето беше ставено на добрите билатерални односи меѓу Македонија и Германија. Република Македонија и Германија имаат добри и тесни контакти. Ние ја поддржуваме РМ при нејзините напори да стане дел од ЕУ и НАТО. Тоа беше тема и на разговорите меѓу претедателот и членовите на СПД Фракцијата - Петер Штрук и јас.

2. Како ја оценувате политичката ситуација во Македонија? Од аспект на политичкиот дијалог меѓу ДУИ и Владата, но и во однос на релациите меѓу претседателот и премиерот кои не е тајна дека беа проблематични?

2 Кохабитацијата ни е позната и од другуи земји. Има секако секогаш напнатост околу политичките прашања кога претседателот е социјалдемократ, а владата во случајот ВМРО, која е конзервативна партија. Значајно е меѓутоа да има согласност меѓу нив околу стартешките прашања. И мислам дека тука тоа е случај. Владата и претседателот кој е врховен командат на вооружените сили и претседател на националниот совет за безбедност, заеднички се ангажираат Македонија добро да се подготви за почеток на преговорите со ЕУ и за приемот во НАТО. Што се однесува до внатреполитичката ситуација и албанските партии и етнуикуми, мислам дека проблемите се надминливи. Сметам дека кај лидерите сега има респект за донесените решенија. Некој што добил повеќе гласови од конкурентската партија да замине во опозицијата. Тоа е болно, но тоа е демократија и такви работи има и во Германија.

3 Се навраќам на темата Европски Устав која неделава е во центарот на вниманието. Доколку земјите на Унијата не се усогласат околу основниот документ, тоа ќе биде проблем и за Македонија?Какви се вашите проценки за временскиот тајминг за почеток на преговорите на Македонија со ЕУ?

3 Тоа е вистинско и значајно прашање! На 21 и 22 јуни го имаме самитот на претседателите и шефовите на влади на земјите на ЕУ. Се надеваме, но не е сигуирно дека ќе биде донесен возен ред, односно временски план за донесување на уставен договор на Унијата.Прашањето за реформите на институциите, особено прашањето за идното мнозинство во ЕУ поради полското спротивставување е нејасно. Се надеваме дека на самитот ова ќе биде премостено. Ако тоа не се случи и институциите не се реформираат зашто една, две или повеќе земји се противат, иако 18 веќе го ратификуваат уставот, ќе има временско одлагање во преговорите за членство и наредното проширување во ЕУ.

4 Каква улога може да одигра претседателството на Словенија?

4. Многу е важно формирањето на тројката мегу сегашниот претседавач со Унијата Германија и идните претседавачи Потугалија и Словенија. Во оваа насока двете наредни претседателства , ќе имаат значајна улога во разрешувањето на прашањето со уставот и темпото на можните приклучувања. Затоа е важно словенечката влада да соработува со Германија и Португалија и да ги доведе на пат институционалните реформи .Така во текот на Португалското или словенечкото претседателство треба да се започнат преговори за членство со Македонија, со можност во 2010 да завршат, по што би дошло приклучувањето.. Тоа би била оптимистичката варијанта.

5 Која е песимистичката?

5 Песимистичката е да не се даде датум зашто не се извршени институционални реформи!

6 .Може ли Македонија да очекува покана за членство во НАТО во Букурешт 2008-та?

6 Мислам дека шансите се добри. Со напорите на Хрватска и Албанија повторно ќе се разгледа акциониот план за члентво. Во акциониот план Македонија има добар напредок, така што сметам дека ќе дојде до решение за прием во НАТО во пакет. Другите земји како Грузија кои се во разговор се проблематични. На самитот на НАТО во Букурешт во 2008 гледам шанса! Тоа е оптимистички временски план кој во моментот изгледа поволно!

7.Може ли Грција да даде вето против приемот на Македонија во Алијансата поради проблемот со името? Какво би било решението во тој случај?

7 . Не верувам! Во германскиот Бундестаг во 2004 со големо мнозинство донесовме заклучок со кој побаравме од германската влада да се попгрижи Република Македонија да може да го користи ова име. Сметавме дека со текот на времето и убедувањето на другите, грчките забелешки ќе се надминат.Но за жал до сега ова не се случи. Од страна на политиката во германсдкиот Бундестаг и СПД фракцијата не прошуштаме можност нашите грчки пријатели да ги убедиме дека Република Македонија мора да го користи ова име. Сметам дека ова во временскиот простор мегу приемот и почетокот на переговорите соп Европската унија подобро ќе се разреши.

8. За стабилноста на регионот значајно е статусното решение за Косово. Дали планот на Ахтисарио според вас е реален во сулови кога Русија и Србија не го прифаќаат. Што е според вас решение?

8. Тоа беше уште една тема на разговорите со претседателот Црвенковски. Со право, Штрук, претседатлеот и јас констатиравме дека Македонија еден столб на стабилноста на Балканот е и дека Македонија го поддржува планот на Ахтисари. Тоа е добро и значајно . Сега силите треба да се насочат кон Русија, да не поднесе вето. Тоа не е толку едноставно како што привично изгледа. Но ние заедно ќе се обидеме и тука Македонија има значајна улога како столб на стабилноста на Балканот.

9 За десет дена завршува германското претседателство со ЕУ. Кој е вашиот генерален биланс за направеното и специјално што е придонесено за Балканот?

9 Мислам дека како претседавачи со Европката Унија, како што се вели завршивме добра работа. Обезбедивме редица олеснувања за луѓето. На пример поевтини телефонирањето со мобилен во странство. Тоа не е големо стртатешко прашање, но е прашање на секојкдневниот живот на луѓето. И доколку тоа политиката го успее, тоа е напредок. Постигнат е и договор на ниво на Унијата за воздушен сообраќај со Соединетите американски држави со што се олеснува мобилноста на луѓето. Во април е постигнат напредок и околу визните олеснувања мегу Македонија, ЕУ и Германија што го сметам за мошне значајно. Напредок е направен и во сферата на заштитата на климата и ќивотната средина кои се пфатени и од групата Г8. Силни поместувања се направенуи и во економскиот развиој и одговорноста, повотно во Г8 и во подготовката на економски договори кои се значајни и за Европа. Конечно дадени се и ЕУ перрспективи за земите од Балканот, иако за Македонија и пред нашето претседателство беа зацртани.Претседателството на Германија со Унијата за Балканот се исплатеше!