1. Прескокни до содржината
  2. Прескокни до главната навигација
  3. Кон други страници на DW

Одлука за статусот на Косово до крајот на годинава

18 април 2006

САД сметаат дека тоа е итно и важно - порача во Белград , специјалниот пратеник на САД за Косово Френк Визнер . Тој истакна оти контруктивната улога на властите во Белград во тој процес ќе биде клучна за натамошната евроатлантска интеграција на Србија и нејзините односи со Вашингтон.

https://p.dw.com/p/Adjd
Правата на Србите на Косово, клучни за решавањето на статусот
Правата на Србите на Косово, клучни за решавањето на статусотФотографија: dpa

Визнер на пресконференцијата во главниот град на Србија , истакна дека САД имаат став дека во преговорите за идниот статус на Косово , мора да се реши и прашањето на заштитата на правата на косовските Срби и останатите малцинства.

Истотака е важно , како што истакна Визнер , властите во Србија и натаму активно да учествуваат во преговорите , како што досега го правеа тоа.

„не смее да има прекини а идеите треба да бидат флексибилни“- го испорача американскиот рецепт Френк Визнер дополнувајќи:

„Од она што денес се прави зависат и идните односи меѓу САД и Србија и Црна Гора а донесувањето на исправно решение за Косово ќе биде клучно и за натамошната интеграција на државната заедница во евроатлантските структури.

Прашан дали САД сметаат дека веќе постои решение за Косово и оти тоа е независноста . американскиот пратеник за Косово , порача дека преговорите не треба да се решаваат пред и воопшто да започнат и дека САД учествуваат во нив како и сите останати членки на Контакт групата.

Визнер нагласи и дека преговорите за идниот статус на Косово треба да минат низ сите фази и оти во тој процес треба да се тргне од решавањето на клучните прашања за опстанок на малцинствата на Косово.

Американскиот пратеник ги оцени како искрени и конструктивна разговорите кои вчера ги водеше во Белград.