1. Прескокни до содржината
  2. Прескокни до главната навигација
  3. Кон други страници на DW

Одзивот до 10 часот - 6,31 отсто, слично како во првиот круг

5 мај 2019

Најголема излезност, над 10 проценти, имало во Крива Паланка, Демир Капија, Кратово и Берово, а најмала во Врапчиште, Дебар и Боговиње, нешто над 1 процент.

https://p.dw.com/p/3Hwjy
Nord-Mazedonien Skopje Präsidentschaftswahl
Фотографија: picture-alliance/AA/H. Gina

Одзивот на гласачите до 10 часот изнесува 6,31 отсто, од обработени податоци од 88,10 проценти од избирачките места, соопшти Државната изборна комисија (ДИК) на првата прес-конференција.  

За споредба, одзивот во првиот изборен круг до 10 часот изнесуваше 6,05 проценти од обработените податоци од 75,28 отсто од избирачките места, а финално 6,23 отсто од 100 отсто обработени податоци.

Најголема излезност до 10 часот имало во Крива Паланка (14,91%), Демир Капија (13,24%), Кратово (12,46%) и Берово (11,06).

Најмала излезност имало во Врaпчиште (1,16%), Дебар (1,29%) и Боговиње (1,31%).

Wahlkampf zur Stichwahl in Nordmazedonien
Во вториот круг од претседателските избори, двајца кандидати: Стево Пендаровски и Гордана Сиљановска ДавковаФотографија: picture-alliance/AP Photo/B. Grdanoski

Претпладнето во целата земја гласањето тече мирно. И според граѓанската асоцијација МОСТ, која го следи изборниот процес со најголем број набљудувачи - повеќе од 1.500, не се забележани неправилности во досегашното спроведување на гласањето.

Повеќе: Тече вториот круг на шестите избори за петтиот претседател

Вчера, своето право на глас веќе го искористија болни, немоќни, раселени, притворени и затворени лица. Од вкупно 1.640 запишани гласачи во казнено- поправните домови правото на глас го користиле 74,13%. Помал одзив од 46,16% покажале иселениците кои исто така гласаат в сабота. Од вкупно 1.781 регистрирани гласачи од дијаспората, гласале 724 лица. Според податоците кои ги објави ДИК, најголема излезност имало во Сараево со 78,57 проценти, Букурешт со 64,29 %, Брисел 63,27 %, Берлин 63,16%, додека најниска излезност има во Рим со 28 % и Абу Даби со 20 %. Во овие бројки не се вклучени податоците од САД и Канада, каде заради временската разлика, гласањето започна подоцна.