1. Прескокни до содржината
  2. Прескокни до главната навигација
  3. Кон други страници на DW

Одговорот за статусот на Косово е во Белград и граѓаните во покраината

20 мај 2005

САД ги поддржуваат границите на Балканот и нема да наметнуваат решение за косовското прашање. Потсекретарот на Стејт Департментот Николас Барнс го пренесе американскиот став дека решението за конечниот статус на Косово треба да го донесат самите учесници во разговорите за ова прашање, косовските албанци и срби, преставниците на другите заедници во покраината и официјален Белград.

https://p.dw.com/p/AcqB

САД го почитуваат интегритетот на границите на РМ и Албанија, кога станува збор за прашањето со Косово. Претстојните преговори според американската администрација ќе бидат насочени кон идниот статус на покраината а со тоа и на самата граница:

„Дали ќе биде независно или не, дали ќе биде покраина или нешто помеѓу тоа не е прашање на кое можат да дадат одговор ЕУ и САД, туку Србија заедно со граѓаните на Косово. До тоа мора да дојде низ мирољубиви преговори„ соопшти Николас Барнс.

Тој го повтори ставот од пред два дена, за време на обраќањето пред комитетот за меѓународни односи на претставничкиот дом на Конгресот дека во моментов владата во Србија треба најмногу да го насочи вниманието на соработката со Хашкиот трибунал. Србија, која последниот месец во Хаг испорача 12 лица, треба да гоо уапси и испорача Ратко Младиќ

Доколку Србија го стори тоа тогаш, таа има шанси во САД и нејзините европски сојузници да добие пријатели со кои во иднина ќе работи. Тоа е многу важна обврска за владата во Белград„

Барнс, најави дека на почетокот на идниот месец ќе ги посети Сараево, Белград и Приштина. Тој ја пренесе одлуката на претседателот Џорџ Буш и државниот секретар Кондолиза Рајс за значајната улога на САД за ставање точка на судирите на балканските простори во изминатата деценија.