1. Прескокни до содржината
  2. Прескокни до главната навигација
  3. Кон други страници на DW

Од каде ѝ се парите на католичката црква?

Андреас Григо/ Александра Трајковска 21 октомври 2013

Бискупот Франц-Петер Тебарц-ван Елст денеска беше примен на аудиенција кај папата Франциско. Овој случај фрли светло врз финансирањето на католичката црква. Некаде се плаќа црковен данок, некаде се донира.

https://p.dw.com/p/1A30T
Фотографија: picture-alliance/dpa

Многумина меѓу народот бискупот од Лимбуург Франц-Петер Тебарц-ван Елст веќе го нарекуваат „Свештеник - расипник“. Бискупот, имено, е критикуван поради тоа што трошоците за неговата нова резиденција во рок од неколку години се зголемија од 5 на 31 милиони евра. Тој денеска би требало да биде примен на аудиенција кај папата Франциско.

Дури и претседателот на германската Бискупска конференција, Роберт Цолич, во меѓувреме се дистанцираше од Тебарц-ван Елст. Тој знае за негативните последици од еден ваков скандал за католичката црква, чии финансиски структури во текот на дебатата повторно станаа интерес на медиумите и јавноста.

Комисијата свикана од Бискуспката конференција треба да направи проверка на благајната во Лимбург. Од една страна е јавниот буџет на бискупијата, кој се полни од црковниот данок, државните услуги и донации. Од друга страна, постои т.н. бискупска столица, која меѓу другото ја сочинуваат фондации, недвижнини, наследства - најчесто реликт од дамнешни времиња во старите бискупии во Европа.

Со овој вид на „двојно книговодство“ германската католичка црква е многу добро позиционирана во меѓународна споредба. „Ваквите посебни системи како црковниот данок - или во Австрија придонесот за црквата - постои само во малку земји во Европа, а во светот воопшто го нема“, вели Хелмут Пре, експерт за црковно право на Лудвиг-Максимилијан универзитетот во Минхен. Црковниот данок во Германија го плаќаат сите даночни обврзници католици и протестанти. Тој изнесува околу девет проценти од данокот на плата. Практично овој данок го собира државата. Во 2012 година на католичката црква во Германија тој и‘ донесе околу 5,2 милијарди евра.

Infografik Katholiken in der Welt DEU
Процент на католиците по региони, од бројот на вкупното население

Посебна форма на финансирање на црквата има и во Италија, Шпанија и Унгарија. Овој данок за црквата изнесува од 0,7 до 1,0 процент од данокот на плата. Граѓаните меѓутоа може слободно да се одлучат дали нивните пари ќе одат во црквата или ќе бидат пренасочени за државни социјални услуги. Да се избегнат овие давачки, како во Германија преку истапување од црквата, таму не е можно.

Донации и доброволни прилози за црквата

Во повеќето земји во светот католичката црква зависи од доброволни прилози и донации. Во таков случај „на црквата редовно и‘ е многу, многу тешко“, вели Пре. „Кога стопанските услови во земјата се полоши, тогаш се влеваат помалку донации“. Честопати едноставно не се плаќа ништо. Најчесто има препорака од црквата, колку треба да изнесува доброволниот прилог, „но црквата нема сознание, дали тоа навистина се донира“.

Загриженост во моментов постои во католичката црква во Полска. Црквниот фонд за обесштетување за конфискуваниот имот воведен во комунистичкиот повоен период само во 2012 година генерираше 21 милиони евра. Наместо тоа, сега се говори за доброволен прилог во висина од 0,5 проценти од данокот на плата, според проценките - за 33 милиони евра. Но, тогаш и во овој случај би важело: без гаранција.

Но, дека е можно финансирање на доброволна база покажува црквата во САД „која има многу добро изграден систем од донации на верниците“ вели Маркус Граулих, декан на факултетот за црковно право на Папскиот универзитет на Салезијанците и судија на римската Рота (трибунал на римо-католичката црква). Меѓутоа кај католичката црква во САД „секогаш е по малку крената рачната кочница, таму одредени изјави на свештеници исто така можат да доведат до тоа да опадне расположението за донации меѓу вернциите“.

Warschau Kirche St. Anna
Варшава - црквата Света АнаФотографија: imago/Peter Widmann

Љуби го ближниот „made in Europe

Во многу други земји во светот црквите имаат проблеми да ги покријат трошоците. „И натаму е случај, бискупиите во посиромашните земји честопати да се обраќаат до европските цркви и да молат за помош“, вели Хелмут Пре. Специјално Германија е една од најголемите земји донатори. Според германската Бискупска конференција, во 2012 година речиси 600 милиони евра, пред сѐ преку германските институции за помош, но и од ордените и бискупиите се влеале во проекти на странски цркви.

Во рамките на партнерската работа, имено, честопати се поддржуваат поединечни програми на диоцезите, на пример училиште или здравствена установа. Глобален ангажман - околу една третина од парите за помош одат во проекти во Латинска Америка, Азија и Африка. „Најверојатно Африка ќе добива сѐ поголема тежина“, вел Пре. Оти во меѓувреме црквите во Латинска Америка и во Азија финансиски стојат подобро. „Во Африка, со пораст на населението и и натаму силни економски проблеми, помошта во наредните години најверојатно ќе мора да биде зголемена“.

Hilfswerks Misereor Fastenaktion 2012
Црковна помош за поголемо образованиеФотографија: Kathrin Harms/MISEREOR