1. Прескокни до содржината
  2. Прескокни до главната навигација
  3. Кон други страници на DW

Ограничен суверенитет за Косово

Ројтерс, ДПА25 јануари 2007

Косово треба да биде најновата европска држава. Специјалниот пратеник на ОН Марти Ахтисари за статусот на Косово, ќе предложи ограничен суверентитет за покраината под надзор на ЕУ – пишува денеска германската новинска агенција ДПА, повикувајќи се на дипломатски извори. И агенцијата Ројтерс истотака повикувајќи се на дипломатски и извори во ОН денеска известува за делови од планот на Ахтисари, истакнува

https://p.dw.com/p/Adgd

�ќи дека тој предвидува одделување на Косово од суверенитетот на Србија и негово поставување на патот кон независност, но и обезбедување значајна автономија за Србите кои живеат таму.

Планот кој Марти Ахтисари утре во Виена ќе им го претстави на претставниците на Контакт-групата за Косово, пишува натаму Ројтерс, му дава на Косово право да влезе во меѓународни договори и да се пријави за членство во меѓународните организации и институции, вклучувајќи ги тука потенцијално и ОН, Меѓународниот Монетарен Фонд и Светска Банка.

Планот во себе содржи и право на двојно државјаноство и ја повикува Приштина да воспостави добри односи со Белград и останатите соседни држави – изјавиле извори во ОН за Ројтерс, според кои Косово ќе го преземе својот дел од економските добра но и долговите кои некогаш и припаѓале на поранешна Југославија и на Србија .

Планот на Ахтисари во фокусот го има и правото за самоуправа на 100-те илјади преостанати Срби на Косово – изјавиле дипломатски извори за агенциите Ројтерс и ДПА. Според нив Србите ќе оставруваат значајна контрола врз локалната полиција, ќе можат да одржуваат определени директни врски со Белград, а за нив ќе бидат резервирани места во парламентот во Приштина. По принципот на двојно мнозинство, законите на Косово важни за малцинствата, можат да бидат донесени само доколку за нив согласност дадат пратениците од редовите на Србите на Косово.

Според плановите на Ахтисари Србиија ќе биде во можност да го финансиски да го подржува српското малцинство на Косово. Овие средства меѓутоа ќе мора да минуваат преку властите во Приштина – пишуваат двете новински агенции.

Од другастрана – продолжува натаму извештајот на германската ДПА Косово ќе може да се оддели од Србија. ЕУ ќе испрати во покраината надзорници со широки овластувања, кои ќе го набљудуваат спроведувањето на новите правила и ќе можат да укинуваат закони и да отпуштаат локални функционери.

Плановите на Ахтисари веќе во март или април треба да бидат одобрени од Советот за безбедност на ОН. Но сега откако Русија се закани со вето потребна е голема дипломатска вештина да се спречи ваквиот приговор. Поради тоа посредникот на ОН одбегнал во некаквото сценарио за иднината на Косово јасно и гласно да зборува за независност на провинцијата. Тој се потпира на тоа дека секојдневно практикуваниот суверенитет под раководство на ЕУ, по неколку години, тивко ќе бидат прифатени како релност. Москва тогаш би можела да се согласи за парктична независност на Косово, бидејќи таа ниту еднаш не би била формално правно спомената- велат дипломатски извори за агенциите Ројтерс и ДПА.