1. Прескокни до содржината
  2. Прескокни до главната навигација
  3. Кон други страници на DW
Тероризам

Обид за атентат врз премиерот на Судан

СН/дв
9 март 2020

Абдала Хамдок , според суданската државна телевизија се наоѓа на „безбедно место“ откако експлозија го погоди неговиот конвој. Премиерот раководи со преодна влада по државниот удар пред една година.

https://p.dw.com/p/3Z5bX

Премиерот на Судан Абдала Хамдок денеска преживеа обид за атентат со бомба која експлодираше во главниот град Картум во близина на конвојот возила во која се наоѓаше и тој. Суданските државни медиуми јавија дека Хамдок бил на пат кон својот кабинет кога се случила експлозијата и оти тој не бил повреден и бил „однесен на безбедна локација“.
Сѐ уште никој нема преземено одговорност за нападот. На снимките објавени на интернет се гледаат три оштетени возила кои ги користат нависоките претставници на Судан. Хамдок стана премиер на земјата во август минатата година по продемократските протести кои ја принудија војската во април да го собори од власт автократскиот претседател Омар ал-Башир. Оттогаш, наваму, де факто владетели со Судан се воените генерали. 

Повеќе:

-Договорена преодна влада за Судан

-Дали по пучот во Судан следи револуција?

-Воен удар во Судан

Хамдок вети дека ќе соработува со Меѓународниот кривичен суд во судскиот процес против сторителите на воени злосторства и геноцид за време на граѓанската војна во суданскиот регион Дарфур, која траеше од 2003 до 2010 година.

Abdalla Hamdok
Абдала Хамдок, премиер на СуданФотографија: picture-alliance/AP Photo

Суданските власти исто така порачаа дека имаат намера на судот да му го испорачаат и поранешниот претседател Омар ал-Башир. 
Речиси една година по соборувањето на Ал-Башир, Судан се наоѓа во тешка економска криза: инфлацијата изнесува неверојатно 60 проценти, а стапката на невработеност според податоците на Меѓународниот Монетарен Фонд е преку 22 насто. 
Владата соопшти дека во Судан невработени се 30 насто од младите, кои сочинуваат повеќе од половина од вкупно 42 милиони жители на земјата.