1. Прескокни до содржината
  2. Прескокни до главната навигација
  3. Кон други страници на DW

Обама на средба со Буш во Белата куќа

10 ноември 2008

Актуелниот претседател на САД, Џорџ Буш и новоизбраниот Барак Обама денеска треба да одржат прва средба во Белата куќа. И од двете страни најавуваат разговори во дух на партнерство.

https://p.dw.com/p/FqcU
„Пријателски разговори“ меѓу стариот и новиот претседател на САДФотографија: AP GraphicsBank/DW

Американскиот претседател Џорџ Буш денеска во Белата куќа во Вашингтон ќе го прими неговиот наследник Барак Обама. Буш, чиј мандат завршува на 20. јануари 2009. година, со идниот претседател ќе разговара околу актуелни прашања во светската политика како и за подготовките за промената на власта. Портпаролот Дејна Перино подвлече дека претседателот Буш ќе го пречека неговиот наследник и со него ќе разговара за некои политички прашања, кои нему му се чинат важни.

Обама ќе измени некои законски решенија на администрацијата на Буш

Bildgalerie USA Wahlen Obama McCain Weißes Haus 3
Белата куќа во ВашингтонФотографија: AP

Идниот американски претседател Обама, спроти средбата со Буш истакна :

„Сега нема да прејудицирам какви проблеми ќе има. Ќе одам таму во дух на партнерство и чувство дека и претседателот и другите лидери во Конгресот ја сфаќаат сериозноста на ситуацијата во моментов и сакаат таа да се разреши.“

Во меѓувреме, главниот советник на Барак Обама, Џон Подеста најави дека идниот претседател, по 20. јануари има намера да корегира одредени закони, што ќе ги донесе администрацијата на актуелниот претседател. Тој наведе дека владата на Буш планира на пример да дозволи црпење на нафта и гас во еколошки чувствително подрачје во државата Јута. Покрај промената на овој закон, Обама има намера да ги укине ограничувањата во истражувањето на матичните клетки, истакна Подеста.