1. Прескокни до содржината
  2. Прескокни до главната навигација
  3. Кон други страници на DW

Шолц ќе го олесни доаѓањето на странски работници

БГ /дпа
15 декември 2021

Новиот германски канцелар Олаф Шолц денеска го имаше своето прво обраќање пред Бундестагот, каде ја претстави програмата за работа на владата во следните четири години.

https://p.dw.com/p/44Hy5
Германија Канцелар Олаф Шолц
Германскиот канцелар Олаф ШолцФотографија: Michael Sohn/AP Photo/picture alliance

Луѓето со странско потекло треба да имаат поголемо учество во општеството, оцени новиот германски канцелар Олаф Шолц во обраќањето пред парламентот. Германија е земја на доселеници, но таа треба да стане подобра интегративна држава.
„Се работи за една четвртина од нашето население“, рече Шолц во Бундестагот. 

Во 90-минутен говор пред пратениците, Шолц ги претстави основните контури на владината програма која во следните четири години ќе ја спроведуваат трите коалициски партнери во „семафор коалицијата“: Социјалдемократите, Зелените и Либералите. 

Кон политиката на интеграција на новата влада спаѓа и олеснувањето на патот до добивање германско државјанство. Во иднина ќе се овозможи и двојното државјанство, како и можноста да се добие германски пасош по петгодишен престој.  
„Ќе водиме разумна миграциска политика која промовира легална миграција и ја намалува нерегуларната миграција“, најави Шолц. Во рамките на таа политика ќе се олесни и доаѓањето на работници од странство во земјата. 

Трансформација на земјата 

Во говорот, Шолц ја најави најголемата трансформација на Германија „во последните 100 години“. Фокусот на новата влада ќе биде ставен на развојот на чисти извори на енергија и дигитализација.

„Пред нас имаме 23 години во кои мораме да ги замениме фосилните горива, што ќе значи најголема трансформација на нашата индустрија и економија, најмалку во последните 100 години“, рече новиот германски канцелар.
Во следниот период, приоритетите на новата влада ќе бидат насочени кон битката со пандемијата на коронавирусот и во таа насока Шолц рече дека нема да има „црвени линии“, повикувајќи ги граѓаните масовно да се вакцинираат. 

Кој е Олаф Шолц?

Прескокни го блокот Повеќе на оваа тема

Повеќе на оваа тема