1. Прескокни до содржината
  2. Прескокни до главната навигација
  3. Кон други страници на DW
Здравје

Нова енигма за лекарите: долгорочно позитивни пациенти

23 април 2020

Сѐ почесто се јавуваат случаи на лица кои се опоравиле од Ковид-19, но нивните тестови потоа покажуваат дека се позитивни. Вакви случаи во Кина се евидентирани и 50 до 60 дена по опоравувањето

https://p.dw.com/p/3bHim
China Wuhan | Coronavirus | Bahnhof, Reisende verlassen die Stadt
Фотографија: Getty Images/AFP/N. Celis

Во време кога голем број земји ги олабавуваат рестриктивните мерки или ги најавуваат за претстојниот период, доаѓаат информациии кои ги релативизираат досегашните искуствени сознанија за вирусот. Во Кина, која прва ја стави епидемијата под контрола, сега се појавуваат случаи на лица кои се опоравиле од Ковид-19, но нивните тестови потоа велат дека тие сѐ уште се позитивни, притоа и аспимптоматски.  

Според Ројтерс, тоа е најголемиот предизвик зa лекарите во Кина, која се наоѓа во нова фаза на борбата против пандемијата. Споменатите пациенти по опоравувањето биле тестирани, и тие тестови биле негативни. Но потоа кога биле повторно тестирани, тестовите биле позитивни. Некои биле позитивни и по 70 дена од опоравувањето. Лекарите потврдиле дека има многу кои добиле позитивен тест и 50 до 60 дена по опоравувањето.

Пациентите во кинеските болници се пуштаат дома доколку имаат два последователно негативни теста спроведени во период од 24 часа. Сега некои лекари сметаат дека пред пуштање на пациентот од болница бројката на негативни тестови треба да се зголеми нa три или повеќе.

Според здравствените власти во Кина, засега нема докази дека заразиле некого лицата кои се долгорочно позитивни на вирусот. Кина нема објавено податоци колку пациенти спаѓаат во таа категорија. Според изјави од кинеските болници за Ројтерс, но и други медумски извештаи, имало десетици такви случаи. Кинески лекари сметаат дека токму ваквите случаи покажуваат дека сѐ уште не се знае доволно за Ковид-19 и начинот на кој ги погаѓа луѓето. 

Антителата не се гаранција за заштита од идна зараза

Бидејќи не се знае доволно дали и колку се заразни лицата кои биле излечени а повторно се позитивни на коронавирусот, тие се држат во изолација подолго време.

Директор на оддел за заразни болести во болница во Пекинг изјавил дека мнозинството од тие долгорочно позитивни пациенти немаат симптоми и дека на ретко кој му се влошило здравјето откако се пуштени од болница. Но потенцирал дека „кога станува збор за оваа болест, непознаницата е се уште многу поголема од нештата што лекарите ги знаат“.

Од тие причини здравстените лица и не можат да објаснат зошто вирусот кај споменатата категорија на пациенти се однесува така. Дел од лекарите ја отфрлаат можноста дека овие лица „повторно се заразиле“, бидејќи немале како да се заразат, со оглед дека по опоравувањето остануваат во карантин. Според други, било воочено дека пациенти со слаб имунитет невообичаено бавно се справуваат со вирусот. Исто така, било воочено дека антителата што пациентите потенцијално ги развиле, не се гаранција дека ќе бидат поштедени од идна зараза. Но и дека некои пациенти со голема концентрација на антитела нa тестовите - сѐ уште биле позитивни на вирусот!

Озонска терапија

Во недостиг на знаење за сите траектории и моќ на вирусот, се бараат начини за поефикасно лекување на заболените од Ковид -19. Но и на тој план доаѓаат контрадикторни информации: дека примената на хлоракин и хидроксихлоракин во некои земји дава одлични резултати, а во некои не, што допрва ќе биде предмет на анализи. Дилемите околку користа на озонската терапија и натаму траат. Но, во некои земји сметаат дека е докажан нејзиниот придружен ефект. Ваквиот став го презентира д-р Иво Петров од софиската „Аџибадем сити клиник“.

„Поентата е да се најде вистинската доза која има силен антивирусен ефект, а притоа да не ги оштети човечките клетки. Во Шпанија, каде колегите се здобија со болно искуство од илјадници пациенти, вклучена е и употреба на озонска терапија како комплементарен третман. Дури и пред новата инфекција, Шпанија имаше огромно искуство со озонска терапија. Првата студија е направена од тим на Балеарските острови и резултатите се импресивни. Потоа ја примениле неколку клиники во Барселона, и се покажало дека е многу успешна. Пациенти кои буквално биле на раб на интубација, се стабилизираат, а заситеноста со кислород не бара вештачка вентилација“, вели Петров.

Тој потенцира дека пред неколку дена Шпанија го одобри националниот протокол за третман на пациенти со коронавирус со озонска терапија.