1. Прескокни до содржината
  2. Прескокни до главната навигација
  3. Кон други страници на DW

Нова димензија на тероризмот

Матијас фон Хајн/превод:З.Јордановски10 април 2015

Хакерскиот напад врз француската телевизија TV5 Monde е јасен случај на сајбер-тероризам. Нужна е подготовка за наредни слични акции, оти опасноста ќе се зголемува, смета Матијас фон Хајн.

https://p.dw.com/p/1F5TP
Фотографија: Reuters/B. Tessier

Сфаќањата на таканаречената „Исламска држава“ (ИД) се назадни и средновековни. Но, методите на џихад-терористите, за жал, не се. Терористите на ИД одамна го открија сајбер-просторот како бојно поле. Досега тие таму водеа првенствено пропагандни битки со видеа, онлајн-магазини и со примери на социјални мрежи.

Терористички напади во интернет

Нападот на самонаречениот „сајбер-калифат“ врз француската телевизија TV5 Monde претставува вовед во ново ниво на сајбер-тероризмот. Оти, во прашање е сајбер-тероризам: дефиницијата која ја применува и Сојузниот криминалистички завод (БКА) го опишува сајбер-тероризмот како „користење на сајбер-капацитети за изведување овластувачки, попречувачки или разорувачки милитантни операции и за инструментализирање на стравот преку насилство или закана со насилство, за да се предизвика политичка промена“. Акцијата во секој случај беше разорувачка. Видливо шокиран, Ив Биго, шеф на TV5 Monde, зборуваше за многу тежок сајбер-напад. Беше истовремено прекината програмата на сите 11 канали на таа телевизија, беше преземена контролата врз профилите на Фејсбук и Твитер. Изгледа дека е трајно оштетена техниката за производство на телевизиска програма. Со часови по нападот телевизијата можеше да емитува само претходно подготвени прилози. Во дефиницијата за тероризам се вклопуваат и заканите против француските војници.

Инцидентот не дојде ненадејно. БКА уште минатата година во една интерна анализа предупреди на терористичките закани од сајбер-просторот. И европската полициска агенција Еуропол во една анализа на ризиците во септември 2014 година укажа на опасностите од сајбер-тероризмот. Не е ни за чудење: кога од било каде во светот може со мала група специјалисти да се нанесат големи штети на многу оддалечени места, тоа звучи како погодна стратегија за асиметрично водење војна.

Deutsche Welle Chinesische Redaktion Matthias von Hein
Матијас фон ХајнФотографија: DW

„Сајбер-калифатот“ уште кон средината на јануариго сврти вниманието врз себе со еден побргу безопасен напад: тогаш за половина час беше преземена контролата врз профилите на Фејсбук и Твитер на Централната команда на САД, надлежна за водењето на војната во Сирија и Ирак. Тој инцидент сепак предизвика извесен немир во американските трупи, оти тогаш на хакираната интернет-страница беа објавени приватни информации за американски војници и нивни роднини. Нападот врз TV5 Monde беше значително покомплексен и со поголем ефект. Се чини дека исламистите брзо учат.

Опасностите ќе се зголемуваат

Колку повеќе ќе сраснуваат виртуелниот и реалниот свет, толку поголема ќе биде опасноста од криминалците и терористите од сајбер-просторот - тоа е проблемот. Во декември минатата година Јужна Кореја информира за хакерски напад врз една атомска централа. И најновиот годишен извештај на Сојузниот завод за безбедност на информациската техника содржи „жешки“ детали: таму се зборува за уништување на некоја висока печка како последица на хакерски напад. Реални штети во реалниот свет, предизвикани со манипулации на нули и единици (дигитални манипулации), кои се повеќе го проникнуваат светов. Што ако цел на напад биде некоја рафинерија или голема хемиска постројка? Или таканаречените „критични инфраструктури“ како санабдувањето со вода и струја или техниката за контрола и упоравување на сообраќајот? Такви сценарија не сакаме ни да си замислиме.

Нашиот свет веројатно побргу ќе биде понесигурен, отколку посигурен. Наредното ниво на индустриската револуција, проектот „Инддустрија 4,0“ се стреми кон целосно вмрежување на производствената техника. Тоа ќе ги радува дигиталните хазардери. Оти, со тоа уште повеќе растат шансите за предизвикување пречки или дури и катастрофи.