1. Прескокни до содржината
  2. Прескокни до главната навигација
  3. Кон други страници на DW

Нов квалитет на ангажманот на Бундесверот во Авганистан

Сабина Матај30 јуни 2008

Германската армија денеска ја презема од Норвешка задачата да обезбеди сили за брза интервенција во северниот дел на Авганистан.

https://p.dw.com/p/ETF8
Војници на Бундесверот во патрола низ главниот град на АвганистанФотографија: AP

За преземањето на оваа улога војниците на германската армија се подготвуваа со месеци. Не е ни чудо, бидејќи тоа претставува сосема нов квалитет во однос на досегашната мисија. Од денеска војниците на германските специјални сили ќе бидат директно вмешани во борбени дејства и тоа во најопасните задачи:


„Нема сомнеж дека Германците во рамките на мисијата за брзи интервенции одлично ќе ги докажат своите воени способности“ – порача генерал Дејвид Мек Кирнан, командант на меѓународните мировни сили за Авганистан, ИСАФ. Тој добро ги познава приликите во Германија, како и актуелната дебата околу проширувањето и продлабочувањето на мандатот за Авганистан. Мек Кирнан имено беше главен командант на американските сили за Европа, со главен штаб во Хајделберг. Тој се надева дека:


„... во СР Германија ќе се прошири уверувањето дека безбедноста и стабилноста на Хиндукуш е од решавачка важност и за Германците.“


Колку е опасна новата мисија на германските војници?


Според најновиот извештај на американското Министерство за одбрана авганистанските востаници токму се обидуваат да го прошират присуството и врз релативно мирните делови на северот од земјата. Германскиот бригаден генерал Дитер Дамјакоб, кој е командант на регионалниот штаб за северот на Авганистан, смета дека безбедносната ситуација е се’ уште релативно мирна. Тој оценува дека 205-темина германски специјалци ќе можат солидно да ги извршуваат задачите. Тука спаѓаат патролирање, обезбедување на конвои, евакуација.


Ова е сериозен предизвик за војниците од Северна Рајна Вестфалија, посочува и шефот на Штабот на ИСАФ, генерал мајорот Ханс Лотар Домрозе:


„Овде има голема разлика меѓу маневри, каде со оклопното возило се налетува на пластична мина што пишти, и овдешната реална ситуација полна со подмолни мински замки.“