1. Прескокни до содржината
  2. Прескокни до главната навигација
  3. Кон други страници на DW

Американската дилема со Сирија

Спенсер Кимбал/сн1 август 2015

Напорите на САД за регрутирање на умерени бунтовници не одат добро. Исламска Држава е сегашен непријател број еден на Белата куќа, која премолчено е во сојуз со стариот противник: Башар ал-Асад.

https://p.dw.com/p/1G4F3
Фотографија: Phil Moore/AFP/GettyImages

Американската бунтовничка армија во Сирија има инструкции да не го напаѓа режимот на Башар ал-Асад. Главниот непријател е Исламска Држава (ИД). Не дека прозападната милиција претставува некаква закана, истотака. Досега, Вашингтон има обучено само 60 борци.

Американскиот државен секретар за одбрана, Ештон Картер вон неодамна призна, обраќајќи се пред Конгресот, дека бројката се наоѓа далеку под очекувањата на Пентагон. Признанието на државниот секретар предизвика вчудоневиденост меѓу противниците на претседателот на САД, Барак Обама и нанесе штета врз контролата на неговите поддржувачи.

„Нашите средства и сегашното ниво на напори не се во согласност со нашите можности,“ изјави сенаторот Џон МекКејн, за време на сослушувањето на комитетот за безбедност на Конгресот. „Тоа покажува дека ние не победуваме, и кога не победуваш во војна, ти губиш.“

Зошто САД обучи толку малку бунтовници? Има строг процес на проверка, кој според Картер гарантира дека регрутите се посветени во борбата против ИД, како нивен прв приоритет и оти ќе ги почитуваат законите на вооружен конфликт.

Според експертот за Сирија, Дејвид Леш, администрацијата на Обама е претпазлива, бидејќи се плаши дека американското оружје би можело да падне во рацете на исламските радикали: „што се случувало на постојана основа, вклучувајќи ги и магазините со оружје на сириските бунтовници во сојузништво со САД, кои биле опустошени од од исламистички групи.“

Syrien Al Nusra Kämpfer
Фотографија: Reuters/A. Abdullah

Умерена опозиција?

Според американскиот секретар за одбрана, околу 7.000 регрути во моментот се на проверка. Целта на Пентагон е да обучи повеќе од 5.000 борци на годишно ниво и да изгради сила со повеќе од 15.000 борци за три години. Тие од Вашингтон добиваат месечна стипендија која се движи од 250 до 400 долари .

Џошуа Лендис, директор на Центарот за Блискоисточни студии на Универзитетот во Оклахома, верува дека има уште малку умерени борци останати во Сирија. Но, има силен финансиски стимул да се приклучат во САД.

„Постојат голем број Сиријци, кои ќе направат се’ за плата“, вели Лендис за Дојче Веле. „Не баш се’, но сигурно ќе ги земат парите.“

Сенаторот Џон МекКејн и други т.н. „јастреби“ во Конгресот долго ја критикуваа администрацијата на Обама, бидејќи не интервенирала и не ги обучувала бунтовниците порано, односно пред на сцената да стапат џихадистичките групи, како што Џабхат Ал-Нусра дел од терористичката мрежа Ал-Каеда, и Исламската Држава.

Лендис не им придава големо значење на овие аргументи аргументи. И покрај напорите на претседателот, едноставно немаше обединета опозиција со која може да се соработува, вели експертот за Сирија.

„Тој се обиде да види дали ќе може да постигне единство меѓу сиириските милиции, но не успеа“, изјави Лендис за Дојче Веле. „И со тоа беше испратена гласна порака, дека тој не може да ја контролира ситуацијата.“

Премолчен сојуз со Асад

Кога на почетокот избувна сирискиот бунт, ставот на претседателот Обама беше јасен - сирискиот претседател Башар ал-Асад мора да си замине. Но, денес, ситуацијата е посложена. Дамаск е секуларна моќ со организирана војска, која се спротиставува на ИД.

„Постигнат е стратешки сојуз меѓу Асад и САД во моментот кога Соединетите Американски Држави објавија војна на ИДИЛ“, изјави Лендис за Дојче Веле, користејќи еден од акронимите за Исламска Држава.

Но, за бунтовниците на теренот, соборувањето на Асад останува главна цел, доведувајќи ги во судир со новиот приоритет на Белата Куќа.

Kämpfe zwischen syrischen Regierungstruppen und Rebellen in Daraa
Фотографија: picture alliance/AA/I. Hariri

„Речиси целата вооружена опозиција сака да се бори против режимот на Асад, но не против ИДИЛ“, изјави Дејвид Леш за Дојче Веле. Професорот на Универзитетот „Тринити“ предводеше група истражувачи во регионот во периодот од 2012-2013 година каде зборуваше со многу од главните играчи во граѓанската војна во Сирија

„Режимот е јасен приоритет, откако Асад ќе биде соборен од власт, ќе се борат против Исламска Држава“, вели Леш.

„Сите тие се непријатели на Америка“

Според Лендис, иако реториката на Белата куќа кон Асад омекна, САД се’ уште сакаат да го отстранат од власт. Тоа е привремен сојуз, се’ додека не биде поразена Исламска Држава.

Казнените економски санкции против режимот остануваат во сила, а клучните сојузници на САД во регионот - Турција, Саудиска Арабија и други држави од Заливот - сакаат главниот сојузник на Иран да си оди.

„Америка сака да го уништи Асад и да го ослаби“, изјави Лендис. „Америка се обидува да ги уништи сите главни сили во Сирија. Сите тие се непријатели на Америка.“

„Некои од американските воени лица размислуваат исто“, продолжи тој. „Тие тоа никогаш не го споделуваат во медиумите, бидејќи изгледа многу не-американски, и ќе противречи на политичката реторика на Стејт департментот и на претседателот.“