Немало протерување на Албанците на Косово
8 март 2005
Бившиот германски офицер кој во тоа време беше шеф на европските посматрачи во Приштина рече дека за тоа немал лични сознанија, ниту видел извештај што зборува за тоа. Според обвинението што го товари Милошевиќ за злосторства против човештвото, српската полиција и војска во пролетта и летото таа година спровеле организирана и систематска кампања за протерување на околу 800 илјади Албанци во Македонија и Албанија. Сведокот изјави дека само еднаш слушнал оти на граничниот премин Генерал Јанковиќ има околу 4 илјади бегалци, но дека неговите посматрачи таму затекнале само 300 до 400 Албанци. На прашањето на Милошевиќ зошто албанските цивили ги напуштале домовите, Хартвиг одговори дека обично ОВК во околината на селата ги напаѓала силите за безбедност, а потоа полицијата би тргнала во потера. Тој изјави дека полицијата не предизвикувала инциденти, туку само реагирала на провокациите на ОВК.