1. Прескокни до содржината
  2. Прескокни до главната навигација
  3. Кон други страници на DW

Нема отстапување од европската перспектива за Западен Балкан

8 февруари 2007

Став на германскиот канцелар Ангела Меркел

https://p.dw.com/p/AdgI
Меркел
МеркелФотографија: AP

Вчера, по средбата со австрискиот канцелар Алфред Гузенбауер во Берлин, на прашање на Дојче Веле, германскиот канцелар Ангела Меркел апелира до сите луѓе во Србија да ги видат шансите што произлегуваат од приближувањето кон Европа.

“Мислам дека во Србија има голема група луѓе кои се за европска перспектива. Оттука, не станува збор за тоа какви стимуланси ќе направиме за да се поттикне процесот на приближување кон Европа, туку сега е важно ЕУ мудро јасно да покаже дека не ја затвора вратата, туку сака да ја држи отворена. Можам само да нагласам дека нема отстапување од европската перспектива за државите на Западен Балкан. Се разбира, имаме и очекувања од нив што се однесуваат до надминување на минатото, но тие не треба да бидат кренати како толку висоа пречка, што на Србија би и’ се сториле несовладливи.

Во таа смисла, ние како германско претседателство ќе ги придружуваме разговорите за планот на Ахтисари. Јас само можам да апелирам до сите луѓе во Србија да ги видат шансите што се содржани во приближувањето кон Европа и и натаму ќе продолжиме по тој пат и ќе продолжиме да водиме блиски разговори со сите што сакаат да одат со нас на тој пат. Знаеме дека тоа не е едноставно, но во Европа веќе решивме многу проблеми кои не беа едноставни” – рече германскиот канцелар Ангела Меркел.