1. Прескокни до содржината
  2. Прескокни до главната навигација
  3. Кон други страници на DW

Нелегалните контролни пунктови на Косово му штетат на имиџот

9 декември 2006

Нелегалните контроли од страна на непознати, маскирани лица на Косово, наидуваат на неодобрување како од страна на меѓународната заедница, така и од политичарите во покраината.

https://p.dw.com/p/Adh1
Приштина
ПриштинаФотографија: picture-alliance/dpa

На југо – западот на Косово, непознати маскирани лица на нелгални пунктови вршеле контроли и пребарувале автомобили. Затоа полицијата ги зголеми безбедносните мерки во регионот на Дреница, истакна портпарол на полицијата вчера во Приштина. Премиерот на Косово Агим Чеку и претседателот на најголемата опозцииона партија Хашим Тачи вчера имаа и одвоени средби со шефот на УНМИК во покраината Јоаким Рикер, по кои тој истакна дека мисијата на ОН на Косово има јасен мандат да реагира на ваквите ситуации и дека КФОР и полицијата на ОН веќе водат истрага. Дистанцирање на граѓаните од овие активности побараа и косовските лидери.

Хашим Тачи претседател на Демократската опозициона партија на Косово рече дека маскираните се обидуваат да го нарушат позитивниот имиџ на Косово. Тачи се сретна со раководителот на УНМИК Јоахим Рикер. Тој побара од граѓаните на Косово во секаква форма да се дистанцираат од активитети, кои ја загрозуваат суигурноста и безбедноста на Косово. „Јас побарав по ова прашање да нема компромис со оние кои на овој начин го доведуваат во прашање статусот на Косово.” рече Тачи

Премиерот Агим Чеку вели дека на Косово треба да има структура на безбедност што ги штити сите граѓани. Појавата на вооружени трупи тој ја смета како опасност за Косово „Ниту една влада номоже да подржува вакви маскирани групи.“ додаде тој. „Безбедноста на сите граѓани на Косово може да се гарантира само со легитимни институции - тоа е полиција, а во иднина тоа ќе бидат силите за одбрана и тајните служби.”

Полицијата сеуште неможе да каже кој се крие зад ова. Шефот на УНМИК Рикер вели „Можам да потврдам дека полицијата тоа го сфаќа многу сериозно и ќе се обиде тоа да го разјасни и да ги најде извршителите.” рече Рикер