1. Прескокни до содржината
  2. Прескокни до главната навигација
  3. Кон други страници на DW

„Неизбежна Република Косово„

16 ноември 2007

Изборите на Косово и неговата иднина се тема со која се занимаваат коментаторите во денешните германски весници. Пренесуваме дел од пишувањата

https://p.dw.com/p/CI38
Фотографија: dpa

„Неизбежна Република Косово„ е наслов на коментарот во весникот Зидојче Цајтунг„ напишан од страна на шефот на Меѓународната Кризна Група, Крис Патен. Во текстот во весникот читаме:

„ По 10 декември никој со сигурност нема да може да каже како натаму ќе се одвива целата работа. „ Наредната година веројатно ќе имаме еднострано призната независност на Косово, која покрај САД, Турција и соседна Македонија, ќе ја признаат и 22 земји членки на ЕУ. Четири или пет земји членки на Унијата нема да ја признаат независноста: едно европско неединство, кое од различни причини длабоко вознемирува. Доколку земјите членки на ЕУ не постигнат согласност околу статусот на Косово, тогаш новата делегација на Унијата во покраината ќе ја започне работата со хендикеп. Се постаува прашање, како инспекторите на ЕУ ќе ги направат функционални полициските сили и правните органи, кога Косово нема да биде признато од неколку членки на Унијата? Како Брисел ќе соработува со новата држава ако земјите членки не постигнале договор околу прашањето за статусот? прашува Крис Патен во неговиот коментар во весникот „Зидојче Цајтунг„

Весникот „Тагесшпигел„ ја анализира предизборната кампања во Косово. Во текстот читаме:

„ Ова се веројатно последни избори на Косово, кое официјално се смета како дел од Србија. На предизборните собири на Косово доминираа знамиња на САД и ЕУ. Аналитичарите во Приштина прогнозираат победа на големата коалиција ЛДК ПДК на чело со Хашим Тачи како премиер. Весникот пренесува изјава на една учителка од Ораховац која не смета дека повеќе срби би го напуштиле градот доколку Косово прогласи независност„ читаме во текстот за предизборието на Косово во весникот „Тагесшпигел„