1. Прескокни до содржината
  2. Прескокни до главната навигација
  3. Кон други страници на DW

Независноста на Косово е без алтернатива

17 мај 2006

Интервју со Ерхард Бусек,специјален координатор на Пактот за стабилност на Југоисточна Европа за иднината на Косово,перспективите на Србија за прием во ЕУ и проблемите на Балканот,кои се решливи само во европски рамки

https://p.dw.com/p/AdpQ
Фотографија: dw-tv

Господине Бусек,речиси четири години сте специјален координатор за Пактот за стабилност за Југоисточна Европа,кој беше формиран во 1999 година,по четири војни во поранешна Југославија со цел да придонесе за смирување во регионот.Со што можевте да продонесете во оваa функција?

-Поаѓалиштето на Пактот за стабилност беше јасно,по војните, по Дејтонскиот договор за БИХ и крајот на косовската војна требаше да се продонесе за целосно стабилизирање на регионот.Се создаде и нова географска карта,нови држави,со тоа нови граници и нови проблеми,плус европска перспектива.За Пактот беше многу јасно дека сите земји од регионот треба да станат членки на ЕУ.Во меѓувреме дневниот ред е изменет.Денеска е актуелен економскиот и социјалниот развој и тоа што сите избори на национално ниво се слободни.Може да се рече,извојувана е демократија,која е една од целите на Пактот за стабилност.

Ако се погледне полето на дејствување на Пактот за стабилност на ЈИЕ,човек може речиси да се уплаши,зашто се работи за демократија и за човекови права,за стопански,како и за воени прашања и внатрешна безбедност.Како изгледа меѓубилансот по шест,седум години конкретна работа?

-Оваа широка палета на поставени задачи ни е дадена од основачите и се рабира,прво е впечатлива,а второ е товар,за што се човек е надлежен.Мислам дека ние релативно добро работевме,се разбира со пропусти.Знам точно што недостасува вистински.Но,она што веќе е постигнато,е според мене промена на дневниот ред.Ние сме се поблиску до нормалноста,до она што се однесува на нормалниот живот,на пример инфраструктурата,подобрување на инвестициите,намалување на невработеноста,која во одредени земји сеуште е драматично висока.

И во областа на борбата против криминалот имаме сеуште проблем,на пример дроги и трговија со луѓе кои доаѓаат надвор од регионот.Сексуално злоупотребуваните жени и деца доаѓаат од Молдавијаи завршуваат некаде на запад,во ЕУ.Значи,тоа не е проблем само на регионот.

Всушност,можеме да бидеме многу задоволни со резултатите.Јас сум човек кој пораснал во времето по војната и можам да правам споредби.Упадливо е дека земјите за релативно кратко време најдоа пат кон нормалитет.Болно е што се дисутираат секогаш само недостатоците, што е разбирливо,но со тоа доаѓа до израз негативната ситуација.Значи,ако постојано се известува за неуапсениот Младиќ,се создава впечаток дека таму шетаат воени злосторници.А тоа е поединечен случај, покрај Радован Караџиќ.Пред се,ако дојдете во градовите,таму има сосема нормален европски развој.Селските населби се во полоша состојба,тоа морам да го кажам отворено.

Кога веќе зборувате за случајот Младиќ,тој доведе да бидат прекинати пристапните разговори меѓу ЕУ и Србија,зашто,според мислењето на главната хашка обвинителка Карла дел Понте,се знае повеќе за местото на престој на Ратко Младиќ отколку што јавно се сака да признае.Дали тоа значи дека преку однесувањето на владата е уништена европската перспектива,што противречи на целта на Пактот за стабилност?

-Точно е дека овој недостаток многу оптоварува,пред се Србија.Овде се случија редица грешки. Младиќ многу полесно можеше да биде израчен во времето кога Џинџиќ,кој беше убиен,беше премиер.Но,тоа тогаш беше спречено од тогашниот српски претседател Војислав Коштуница.Во Србија постои цврсто мислење дека сега задача на Коштуница е да го израчи Младиќ,што тој очигледно не може.

Но,мора да ни биде јасно дека европската перспектива за Србија не може да се замени со ништо.Зашто,решение како проблемот на Србија со Косово,е можно само во европски рамки.Тука не смее да постои никаква залажување.ЕУ тука со право е стриктна.Таа беше таква и во случајот на хрватска и Готовина.Нешто мора да се научи од тоа,па и за Србија.

Какви средства за притисок има ЕУ?Колкава енергија треба да се се вложи за потесна соработка,за решавање на конфликтите?На пример Косово,за кого течат преговорите.Но,не постои видлив изглед за постигнување единство во догледно време.Каде е генерално концептот на ЕУ или Западна Европа?

-Најпрво мора да се каже дека Косово е работа на ОН,тие ја имаат управата над него.Одговорна е исто така и т.н. Контакт група,со учество на Американците и Русите и се разбира ЕУ.Во меѓувреме се кристализира речиси јасно ,како што ми пренесе неодамна Марти Ахтисари,дека резултатот нема да да биде оној од преговорите меѓу Белград и Приштина,туку на преговарачките групи не им преостанува ништо друго ,отколку предлозите за решенијата да ги достават директно до ОН,кои треба да го решат прашањето.Тие секако во меѓувреме и ја сносат одговорноста за Косово.

Проблемот на Србите е што пропуштија да ги совладаат благовремено сопствените историски сенки.Политичките водачи на Србите мораа јасно да кажат:од Милошевиќ наследивме нешто страшно.Тоа е одговорност за Милошевиќ.Имаме мало задоволство што сега мораме да го решиме проблемот.Тоа беше пропуштено,а наместо тоа се аргументираше ,со оглед на следните избори,националистички.јас лично имам впечаток дека голем дел од Србите воопшто не ги интересираат овие националистички елементи,туку тие сакаат да имаат подобри животни услови.

Господине Бусек,Вие сте подолго време докажан познавач на регионот.Според Ваше мислење,каков меѓународен статус треба да има територијата на Косово во иднина?

-Тоа,што веројатно ќе произлезе од преговорите,е етапен план во правец на самостојност.Јас лично верувам дека тоа е без алтернатива.За друго решение Србија веќе го пропушти вистинскиот момент.Сигурно постоеше шанса за повторно воспоставување на автономијата која беше укината од Милошевиќ.Тука ништо не беше преземено.Би сакал релативно брутално да речам:ако некој сака да им наштети на Србите,тогаш нека им го врати Косово,зашто Србија не е во состојба да го реши проблемот,ниту политички,уште помалку безбедносно или пак економски.

Но,многу бавно се спознава,што е мој впечаток,дека тоа политичарите го прифаќаат.Ако контактирате со повеќемина луѓе освен со политичарите,што јас го правам,тогаш е јасно дека тие веќе го имаат отпишано.Останува она што се нарекува национална гордост,таквите елементи се многу силни.Не заборавајте дека на српските универзитети постои на пример Институт кој се занимава со улогата на жртва,значи Србите се гледаат како жртви,што е некоја политичка или историска култура што егзистира овде,а што не ја олеснува работата.

Автономен, државен статус на ентитетот Косово економски би бил тешко одржлив,како тоа би изгледало?

-Јас не верувам во тоа.Ова мислење,дека нешто не е способно само за живот,ние Европејците премногу лесно го искажуваме.Можам да се сетам,во времето на Словаците им се велеше,кога се одделуваа од Чесите,дека не се способни сами за живот.Денеска тие во некои работи се подобри отколку Чесите.И на Словенија исто и се велеше:вие сте само два милиони,не сте способни да опстоите сами.Бруто приходот по глава во меѓувреме таму е повисок отколку во Португалија или Грција.Јас верувам во стопанскиот талент на Албанците,во извонредните мали и средни претприемачи,кои се разбира сакаат да докажат и во реалноста дека тоа го можат.Се разбирам на пчеток ќе има тешкотии.Но,не заборавајте,со нив последниве години се случуваше се лошо што може да се случи,вклучувајќи војна и прогони.

И во врска со Косово радо се цитира европската перспектива ,како да е некој вид волшебен збор за иднината.Гледано од европски аспект:колку има смисла всушност овој регион да биде примен во ЕУ?Дали со тоа не се презема еден товар,зашто се тоа нестабилни региони?

-Најпрво,европската интеграција е придонес кон стабилноста.Она што кај нас целосно е заборавено,дека ние и Шпанија,Португалија и Грција не ги примивме од економски причини.Тогаш ништо не зборуваше во прилог на тоа овие земји да бидат интегрирани од стопански причини,туку целта беше да се постигне стопанска ,демократска стабилност, на пример кај Шпанија по диктатурата на Франко,а слично и во Португалија и Грција.Значи,вакви размислувања имало и порано.

Второ ,дека економијата постигнува нешто.Европското стопанство инвестира во висока мерка во ЈИЕ.Таму стапките на растеж се над нашите,зашто се поаѓа од едно релативно ниско ниво.Но,тоа се гледа како идна перспектива.Јас кај некои претпријатија препорачувам да одат таму,како Е.Он,Сименс,тоа значи работа.

Трет аргумент:ако придонесеме кон стабилизацијата на земјите и кон зголемување на социјалното и економското ниво,ги намалуваме миграциските проблеми.Еднаш швајцарската министерка за надворешни работи ми кажа нешто што ме зачуди:Косово е швајцарски проблем.Таа ми рече-официјално во Швајцарија живеат 100 илјади косовски Албанци,но веројатно ги има 200 до 300 илјади илегално.

Колку е голем проблемот на прифаќање во ЕУ,колку проширувањето кон ЈИЕ,кон Источна Европа,наидува на отпор во одделни членки на Унијата?

-Најпрво мора многу критички да се каже,дека проблемот со прифаќањето започна уште со последната рунда проширување,таа беше набрзина спроведена,а јас би рекол, да му благодариме на бога.Болно констатирам дека постојат бескрајни дефицити,дури и кај географските познавања.Тоа го тестирам вака,каде се наоѓа Прага ,гледано од аспект на Виена.Сеуште 30 проценти од граѓаните на Виена сметаат дека Прага е на исток,иако таа недвојбено се наоѓа на северозапад.А ова е стара претстава од времето на студената војна и поделбата исток запад.Очигледно,сеуште не стигнало во свеста кои се нашите соседи.Недостасуваат познавања.

Иако,верувам дека стопанската страна изгледа одлично.Она што недостасува е културната страна,познавањата.Австријците немаат никакви проблеми со Хрватска,не поради посебни политички размислувања,туку затоа што тие патуваат често на одмор на хрватското приморје.Вакви елементи играат решавачка улога.А тоа недостасува,не постои заедничко гледиште,што се е всушност Европа.