1. Прескокни до содржината
  2. Прескокни до главната навигација
  3. Кон други страници на DW

„Независноста и меѓународно признавање на Косово само прашање на време“

19 ноември 2007

Исходот од изборите на Косово и како тоа ќе влијае врз преговорите за статусот се главна тема во коментарите на денешните германски весници.

https://p.dw.com/p/CJGN
Фотографија: Zulfija Jakupi

Весникот „Зидојче цајтунг“ коментира:

„Во јужната српска покраина ниту еден политичар не може да направи чудо. Надежите за подобар живот во протекторат на ОН, многу често беа изигрувани, а населението беше тешено со празни фрази. Затоа повеќе од половина избирачи во саботата останаа дома. Луѓето се заморени од осумгодишната неизвесност за иднината на Косово и владеењето на корумпираната албанска псевдоелита. Кризата само ја влошуваат покровителите на демократијата – ОН, НАТО и ЕУ – кои ја толерираат лошата состојба за да не се загорози политичката стабилност. Хашим Тачи ќе може да ги помрдне работите на добро сако ако ЕУ издејствува брзо решение по прашањето на статусот и со својата мисија ја преземе контролата над покраината“, заклучува весникот од Минхен.

Во „Тагесцајтунг“ на тема Косово денеска читаме:

„За да се ослободи од мирисот на корумпиран герилски водач Хашим Тачи во последниве години во опозиција работеше на својот и на имиџот на партијата. Изборната победа е награда за делумно модерниот и умерен лик кој си го наметна како и со подмладување на раководството. Старата екипа од ОВК веќе не игра никаква улога во јавноста. Но, нема се да оди така едноставно. Независноста на Косово нема да вреди ништо ако не биде дипломатски признаена во странство. Косовските Албанци очекуваат брза одлука. Јавното мислење би можело лесно да се промени. Дури може да се случи работите во свои раце, заедно со останатите радикали да ги земат старите соборци на Тачи кои ги тргна настрана. Исто така се уште не може да се процени како Србија ќе реагира на понатамошните случувања“, предупредува „Тагесцајтунг“

Весникот „Нордвест цајтунг“ денеска пишува:

„Независноста и меѓународно правно признавање на Косово се само прашање на време. И последната шанса за преговори со Белград викендов веројатно е прекината со изборната победа на српскиот ривал Хашим Тачи. Косоварите сакаат да се извлечат од српските стеги. Проблемот е во тоа што државата Косово не може самостојно да преживеат. Тоа нема да им пречи на САД да ја признаат новата балканска република. Оттаму ЕУ мора брзо да заземе единствен став. При тоа не се работи само за прашањето на Косово. Европа мора итно да ја формулира и заедничката политика кон Балканот“, нагласува „Нордвест цајтунг“.