1. Прескокни до содржината
  2. Прескокни до главната навигација
  3. Кон други страници на DW

Неединственоста за Косово останува!

Силвера Падори2 октомври 2008

Германската канцеларка, Ангела Меркел и српскиот претседател, Борис Тадиќ и натаму се неединствени по однос на Косово. За обајцата, меѓутоа, е неспорно идното членство на Србија во ЕУ, што е стратешка цел на земјата.

https://p.dw.com/p/FSQC
Тадиќ очекува Германија да стане главен инвеститор во СрбијаФотографија: AP

Подобрување на билатералните дипломатски односи, зголемување на стопанската соработка, очекување Германија да стане главен инвеститор во Србија и конечно интегрирање во Европската унија, се темелите врз кои според претседателот, Борис Тадиќ почиваат односите меѓу Србија и Германија. За сево ова, тој вчера во Берлин, разговараше со претседателот, Хорст Келер и канцеларката, Ангела Меркел. Веруваме дека Србија има европска перспектива и особено признаваме дека кратко по составот на новата влада, бараниот од Хаг, Радован Караџик беше испорачан на трибуналот. Ова беше многу значаен сигнал“, истакна канцеларката Меркел најавувајќи дека Германија и натаму ќе ја поддржува Србија на нејзиниот европски пат. Но, кога станува збор за Косово ставовите и натаму се различни: Не сметам на поделба на Косово“, беше категорична канцеларката за опцијата која ден пред посетата на Германија, како можно решение, ја истакна претседателот Тадиќ.

Тадиќ се жали на погрешни интерпретации

Тадиќ во Берлин ова го демантираше: Србија не го менува својот политички план. Идејата за суштинска автономија е наш клучен политички план и тоа се погрешни интерпретации, кои некогаш ги прават луѓето од медиумите, не само во Србија, туку и во Германија. Кога станува збор за ЕУЛЕКС јасно и отворено и‘ кажав на канцеларката Меркел дека, што се однесува до Србија, ЕУ и ЕУЛЕКС се добредојдени на Косово. Потребно е меѓутоа да се исполнат три услови - одлуката да биде на ниво на Советот за безбедност на Обединетите нации, да нема примена на планот на Ахтисари и мисијата ЕУЛЕКС на Косово да биде со неутрален статус“, смета Тадиќ.

Тој, инаку, ја информирал Меркел за иницијативата на Србија за независноста на Косово свое мислење да даде и Меѓународниот суд за правда: „Србија за својот интегритет се бори со правни и дипломатски средства. Наша крајна цел е сиот овој процес од политичкото да го наведеме на правно поле, да влеземе во фаза која ветува политичка стабилност, а дискусијата да се води на правно ниво.“

Меркел беше воздржана

На прашањето дали Германија и ЕУ ќе ја поддржат Србија во оваа правна активност, канцеларката Меркел воздржано одговори: Сега имаме процес на разговори и сеуште работиме на усогласување меѓу ЕУ и Германија.“

Инаку, српскиот претседател Тадиќ е добитник на годинашната награда „Квадрига“, која на денот на обединувањето на Германија, 3. октомври, им се врачува на особено смелите политичари.