1. Прескокни до содржината
  2. Прескокни до главната навигација
  3. Кон други страници на DW

Назад во камено доба

Ролф Венкел / превод: ЕМФ6 јули 2015

Идеологијата победи над разумот. Грците се‘ уште сонуваат за касирање помош без да мора да штедат. Сонот ќе заврши лошо, стравува Ролф Венкел.

https://p.dw.com/p/1FtB7
Фотографија: picture-alliance/dpa/S. Baltagiannis

Речиси и мораше така да се случи: Грците вчера со неочекувано големо мнозинство гласаа против компромисот со кредиторите. Без компромис, меѓутоа, никој од кредиторите нема да го исполни ветеното меѓуфинансирање по 30. јуни, а особено нема да има преговори за трета програма за помош која н аземјата би можела да и‘ даде финансиска перспектива.

Иако мнозинството од Грците сака да остен во еврозоната, се чини дека не им е јасно оти се во опасност да се катапултираат надвор од неа поради технички причини. Зашто, сега на земјата и‘ недостигаат пари за на 20 јули да може да ги врати 3,5 милијарди евра за кои сега на ЕЦБ и‘ се дадени обврзници. А тоа е почеток на крајот, зашто ЕЦБ тешко дека ќе има друга можност освен да констатира платежна неспособност на грчката држава и со тоа на нејзините банки.

Во овој случај ,шефот на ЕЦБ Марио Драги не може веќе да смета со тоа дека шефовите на држави или влади во еврозоната ќе го поддржуваат кога грчката Централна банка ќе сака да одобри т.н. ЕЛА-кредити. Досега со овие кредити пропаднатите грчки банки се одржуваа вештачки во живот. Ако изостане ЕЛА-помошта, банките ќе бидат отсечени од снабдувањето со евра, што фактички значи крај на членството на Грција во еврозоната.

Само уште неколку недели

Јасно е дека без согласност со кредиторите Грција ќе може да издржи само неколку недели. Контролите на проток на капитал само го забавија губењето на ликвидност на банките, но не му ставија и крај. Секојдневно истекуваат трицифрени милионски износи, поради тоа што населението веќе нема доверба во банките.

На Грција наскоро ќе и‘ снема кислород не само поради лошата состојба на банките. Целата реална екноомија ќе се урне поради недостигот од платежно средство, приходите на државата речиси ќе секнат поради рецесијата. Најдоцна на крајот на јули државата веројатно нема веќе да располага со доволно средства за да може да ги исплати платите и пензиите.

Додуша Атина би можела да ги плати своите службеници, пензионери и лиферанти со обврзници, како што беше сторено во Калифорнија во 2009 година, меѓутоа оваа паралелна валута би била значително помалку вредна од еврото. Експертите, како шефот на Ифо-институтот, Ханс Вернер Зин, и‘ советуваат на земјата да се врати на драхмата. Тоа би ја подобрило ценовната конкурентност на извозните стоки, велат тие.

Wenkel Rolf Kommentarbild App
Ролф Венкел, автор на коментарот

Тешки години

Можеби е така, но прво доаѓаат тешки години на страдање. По девалвацијата од 30, 40 или 50 проценти, во исто толкав обем ќе се зголемат грчките долгови. А и повеќе од неизвесно е дали навистина по девалвација би можеле да се исцртаат првите извозни успеси. Грција, освен маслинки и цемент, нема други извозни добра вредни за споменување. А за да може да се произведуваат стоки со повисока вредност за извоз, мора да се увезат најважните инвестициски стоки, што со инфлаторна драхма е тешко остварливо.

„Ле Монд Дипломатик“ со право укажува на еден натамошен разорен аспект кој најверојатно целосно ќе ја дестабилизира земјата: „Враќањето кон инфлаторна драхма на исцрпените слоеви на населението ќе им донесе каста на евро-сопственици кои буквално ќе ја купат земјата. Резултатот би бил - најголема прераспределба на богатството по влезот на капитализмот во поранешниот СССР.“

Нови преговори

Веројатно меѓу другото и затоа е веројатно дека шефовите на држави или влади на Еврогрупата повторно ќе се наведнат речиси до капитулација и на Атина ќе и‘ понудат нови преговори. Грчките владетели не можат да се снајдат со еврото, но можат многу добро да се коцкааат. Ним им е сеедно дали танцуваат на работ на понорот или не. Зашто, тие знаат дека нивната земја е потребна како партнер во Европската унија, во НАТО, во ОЕЦД. Затоа постојано се пружа наводно последната шанса која еден нормален должник никогаш не би ја добил.

Затоа ни се заканува продолжување на лошиот театар до бесконечност. За носење важни одлуки во Советот на министри на ЕУ е неопходна едногласност, значи потребен е и гласот на левите идеолози од Атина. Ваквата принуда на едногласност во принцип има нешто добро во себе, зашто ги пронудува сите на компромиси, но ако во иднина мора да се соработува со овие хаотични луѓе од Атина, тогаш перспективата е црна.

Прескокни го блокот Повеќе на оваа тема

Повеќе на оваа тема