Илјадници протестираа против Трамп
10 ноември 2016Меѓу другото во Њујорк протестираа илјадници луѓе со паролите како „Не е мој претседател“ или „ Њујорк те мрази“ против новоизбраниот претседател на САД. Протести имаше во уште најмалку десет градови во САД. Според медиумските извештаи, протестите минале мирно, меѓутоа постојано во толпата се појавувале приврзеници на Трамп кои влегувале во гласни кавги со противниците на Трамп. Во Сиетл на маргините на демонстранциите дошло до пукотници со повеќе повредени лица. Меѓутоа полицијата засега исклучува поврзаност на овој вооружен инцидент со протестите. Во некои места дури беше палено и американското знаме. На протестите во Сан Франциско и Окланд, демонстрантите палеа маски со ликот на Трамп, но и контејнери за ѓубре и автомобилски гуми. Десетици километри подалеку, на калифорнискиот универзитет Беркли, студентите одржаа протест на кампусот, а демонстрации имаше и на универзитетот Дејвис, каде студентите во улична поворна извикуваа слогани против Трамп како „Ти не си Америка, ние сме Америка“. Протести имаше и во Лос Анџелес, Портланд, Сан Диего, Чикаго и други градови.
Погледнете го видеото од протестите на Менхетен, Њујорк: