1. Прескокни до содржината
  2. Прескокни до главната навигација
  3. Кон други страници на DW

Не е исклучена мисија на НАТО во Ирак

5 јануари 2004
https://p.dw.com/p/AdLl
Холанѓанецот Јап де Хоп Шефер од денеска и официјално кја презеде функцијата генерален секретар на НАТО, како наследник на Џорџ Робертсон. Како една од најважните задачи тој го оценува најавеното проширување на мисијата на алијансата во Авганистан. Но, Шефер не ја исклучува ниту можноста за поголем ангажман во Ирак. Во оваа година не само Европската унија, туку и НАТО ќе добие нови членови. Следниот самит е во подготовка: ќе се одржи во јуни непосредно пред окупацините сили да ја префрлат одговорноста во Ирак врз една национална преодна влада. Шефер посебно сака да се ангажира врз мисијата во Авганистан:

"Авганистан е сосема високо на агендата и ужива постојано внимание. НАТО таму презеде голема одговорност во ситуација која е се друго само не лесна, па таму ни требаат сите сили за продолжување на мисијата". Кога станува збор за Ирак, Хоп Шефер во минатиот септември се уште не можеше да замисли воена акција под командата на НАТО. Во меѓувреме, тој смета дека поголем ангажман на алијансата во Ирак е само прашање на време, под претпоставка тоа да го овозможи развојот во земјата: "Ние треба да се концентрираме на Авганистан. Што се однесува до политичките состојби во Ирак, треба да сочекаме како ќе се одвиваат работите и дали можеме да влијаеме. Но, засега да останеме фокусирани на Авганистан".

Шефер ги спомнува и присуството на сили на алијансата на Балканот и во Средоземјето, како и поддршката на полската дивизија во Ирак. Освен тоа, НАТО и натаму игра важна улога во борбата против тероризмот и против ширењето оружја за масовно уништување. Тој ја дефинира и својата главна задача како генерален секретар во светлината на неопходните реформи:

"Станува збор за трансформацијата на НАТО, односно за безболна интеграција на новите членки. Имам намера да градам и мостови преку Атлантикот и да преземам важни задачи во Авганистан. Повторувам уште еднаш, ниту НАТО, ниту целата меѓународна заедница не смеат да си дозволат неуспех таму. Ирак во соодветно време ќе дојде на дневен ред, но ги следиме настаните во секој момент", вели новиот генерален секретар на НАТО, Јап де Хоп Шефер.