1. Прескокни до содржината
  2. Прескокни до главната навигација
  3. Кон други страници на DW

Најлоша жетва на векот

ЕМФ /агенции
31 јули 2018

Повеќенеделната суша ја сотре жетвата во Германија. Земјоделците очекуваат големи загуби и бараат итна помош од државата. 

https://p.dw.com/p/32Mi9
Deutschland kleine Weizenähre
Фотографија: picture-alliance/dpa/P. Pleul

Загрозени се житните растенија, но и тревата како храна за стоката. 

Јоахим Руквид, претседател на Германското здружение на фармери, изнесува загрижувачки податоци: 

„Стравуваме дека приносите ќе бидат помали за најмалку 20 проценти. Тоа кај житните растенија значи 7 до 8 милиони тони помалку од просекот во последните пет години, односно 1,4 милијарди евра помалку за земјоделците и тоа само кај житарките.“

Во некои региони на североистокот на земјата приносите од житарки се намалени за 50, 60 или 70 проценти. Прилично намалена жетва има и кај маслената репка, пченката, компирите...

Нема дожд, нема приноси

Последен пат државата им покриваше штети на фармерите во 2003 година. 

Жешкиот бран им предизвикува проблеми и на земјоделците во Британија, Полска и Скандинавија.