1. Прескокни до содржината
  2. Прескокни до главната навигација
  3. Кон други страници на DW

НАТО со критика за вонредната состојба во Грузија

8 ноември 2007

Воени кордони на празните улици во Тбилиси.Во Грузија во сила е вонредна сотојба. Претседателот Сакашвили ја воведе оваа мерка по шестдневни протести на опозицијата, кои синоќа ескалираа во судири со полицијата.

https://p.dw.com/p/C5aw
Од демонстрациите во Тбилиси во кои полицијата употреби опасен гас против демонстрантитеФотографија: AP

Претседателот на Грузија Сакашвили синоќа , по повеќечасовните судири меѓу демонстрантите и силите за безбедност воведе вонредна состојба во целата земја и тоа за период од 15 дена. Ова денеска го соопшти министерот за економија, откако претходно се велеше дека вонредната состојба е ограничена само на главниот град Тбилиси . Указот беше образложен со обвиненијата дека определени сили во Грузија се обидуваат да спроведат државен удар. Вонредната состојба е неопходна за да се спречи обидот за пуч.

Сакашвили ја обвинува Русија

Со оваа мерка се забрануваат демонстрациите и јавните собири. Во меѓувреме , опозицијата не бара само предвремени избори , туку и итна оставка од претседателот Сакашвили . По повеќедневен молк ,шефот на државата се огласи вчеравечер воочи воведувањето на вонредната состојба . Тој изрази жалење за инцидентите , и одговорноста за нив и ја припиша на Русија . Некои соработници во руската амбасада во Грузија спроведуваат шпиунски активности- изјави Сакашвили дополнувајќи дека грузиските власти имаат докази за тоа дека руските тајни служби се активни во Грузија.

Лавров-Тоа е внатрешна работа на Грузија

Вчеравечер беше објавено и дека тројца руски дипломати треба да бидат протерани од земјата . Политичарите од опозицијата го обвинија Сакашвили , дека има загубено контакт со реалноста. За време на владеењето на Сакашвили , постојано спроведува анти-руска политика и односите меѓу Тбилиси и Москва , драматично се влошија. Руските министер за надворешни работи Сергеј Лавров за случувањата во Грузија истакна:

„Сето тоа е внатрешна работа на Грузија . И покрај тоа ние не сме рамнодушни кон тоа. Заедно со меѓународната заедница ,и со помош од ОБСЕ и ОН се обидуваме со денови да влијаеме врз Тбилиси , но од таму постојано не одбиваат“

Со опасен гас против демонстрантите

При синоќешните нереди полициските сили претепаа и бројни новинари и дописници на странски медиуми. Кога вечерта во историскиот центар на Тбилиси повторно се собраа демонстранти, започна вистински ловот на привирзаниците на опозицијата . 360 лица биле хоспитализирани поради тешки проблеми со дишните патишта . Лекарите соопштија дека полицијата не употребила нормален солзавец туку гас кој предизвикува проблеми со дишењето и запирање на работата на срцето.

Шансата за посредување е прокоцкана . Сакашвили си го покажа вистинското лице-обвинија опозициските политичари .

Тие ги откажаа натамошните демонстрации за да одбегнат нови повреди.

НАТО жестоко ја критикуваше одлуката на Сакашвили . Вонредната состојба и затворањето на медиумите не е во согласност со евро-атлантските вредности“- порачаа од Брисел.

Во моментов не може да се предивиди натаму како ќе се развива ситуацијата во Тбилиси.

Политичкиот крај на „розевиот револуционер“ се чини е на многу блиску – сметаат набљудувачите.