1. Прескокни до содржината
  2. Прескокни до главната навигација
  3. Кон други страници на DW

НАТО со двојно поголем ангажман во Авганистан

28 април 2006

Министрите за надворешни работи на земјите членки на НАТО, на средбата во Софија со најава дека алијансата е решена да ја зголеми речиси двојно ангажираноста во мировната мисија во Авганистан. Мисијата на НАТО прво би се проширила на југот до Авганистан.

https://p.dw.com/p/AcT8
Од средбата на НАТО во Софија
Од средбата на НАТО во СофијаФотографија: AP

На средбата на алијансата во Бугарија се разговараше и околу некакво претпазливо проширување на поддршката за силите на Африканската унија во Дарфур, но испраќање копнени сили беше исклучено. На маргините на состанокот на шефовите на дипломатии на НАТО, амеруиканската министерка, Кондолиза Рајс и бугарскиот министер, Ивајло Калфин, потпишаа договор за стационирање на 2 500 американски војници во Бугарија и користење на четири воени бази од страна на американците. Критичарите велат дека е можно Американците еден ден тие бази да ги користат за евентуален напад врз Иран.

Меѓународната заедница сака да се држи до остар курс во спорот околу атомската програма на Иран, но се воздржува од закани со конкретни санкции. Ова стана јасно и на денешната средба на НАТО во Софија. Шпанскиот министер за надворешни работи, Мигуел Анхел Моратинос, изјавид ека околу темата Иран постои единственост , а шефот на германската дипломатија, Франк Валтер Штајнмаер, од меѓународната заедница побара таа да биде и решителна и да настојува – проблемот да се реши со дијалог:

“Постојано велам дека кога се водат разговори со Иран за ситуацијата во соседен Ирак, на пример, тогаш мислам дека би било разумно тука да се вклучи и судирот околу иранската нуклеарна програма.“

Штајнамер сигнализираше подготвеност за разговори, но само ако Иран понуди основа за преговори. За такво нешто, меѓутоа, призна Штајнмаер, сеуште нема знаци. Напротив, нагласи германскиот министер, сите сигнали од Техеран одат во погрешна насока.

Денеска напладне, за оваа тема министрите за надворешни работи на НАТО разговараа со шефот на руската дипломатија, Сергеј Лавров. Русија отфрла санкции против Техеран, исто како и Кина.