1. Прескокни до содржината
  2. Прескокни до главната навигација
  3. Кон други страници на DW

„Порше“-единица како плашило за Русија

Кристијан Трипе/сн5 февруари 2015

НАТО формира единица за брза интервенција, за да биде подготвен за евентуални закани од страна на Русија. За деталите за новата единициа во Брисел разговараат министрите за одбрана на државите членки на Алијансата

https://p.dw.com/p/1EW4Y
Фотографија: picture-alliance/dpa/Jens Wolf

Во Северноатланскиот пакт се’ добива своја кратенка. Единици, мисии, чинови, се’ е - исто како и самиот НАТО- познато според акронимот. Најновиот гласи: ВЈТФ, што во целост е Very High Readiness Joint Task Force. Малку се оние на кои им паѓа на ум да ја изговараат цела конструкција, па веќе се одомаќини името spearhead- врв на копје. Еден генерал новата единица ја нарекува порше во возниот парк на Алијансата. Зад играта на зборови стои план кој е направен во минатата есен: во случај на големи тензии, НАТО ќе биде во состојба во најкус можен рок да може да распореди 5.000 војници на надворешните граници на сојузот. Јасно е оти се мисли на источните граници, оние кон Русија. Тоа би требало да биде одговор на она што Запад го нарекува „агресивна надворешна политика“ на Москва.

Германија на чело на колоната

Новите трупи започнуваат да добиваат контури. Германија, Холандија и Норвешка се подготвени да ги формираат првите врвови на копја, нивните армии чекаат од министерствата за одбрана да добијат детали за бројноста и концептот на ВЈТФ. Командниот штаб на трупите се наоѓа во заподногерманскиот град Минстер додека централно место зазема батаљонот на моторизиранaта пешадија 371 од Саксонија. И покрај тоа, за борбената решително на Берлин и натаму постојат сомневања. Западниот печат тоа го прави отворено, додека по бриселските ходници тоа може да се слушне тивко. Таков имиџ Берлин заработи по воздржаноста при западното бомбардирање на Либија со кое е од власт беше соборен Гадафи. Освен тоа, оние борбено поподготвените во северноатланскиот пакт често ги нервира германското разбирање на демократијата- имено, дека Бундестагот мора да го одобри секое испраќање на војска во мисии во странство.

Karl-Heinz Kamp BAKS
Германскиот воен експерт, Карл Ханјц КампФотографија: BAKS

Но сега ни таа загриженост не е без основа: како за само ден или два да се подготват трупи за брза интервенција и истовремено да се добие согласност од парламентот? Фолкер Рихе претседава со парламентарната комисија чија задача е токму да ги подмири барањата на НАТО и на германската парламентарна демократија. Тој не гледа проблем: „Парламентот одлучува дури и по забрзана постапка ако треба.“ Меѓутоа воениот стручњак Карл-Хајнц Камп не е убеден од тоа и верува дека во праксата ќе има „едниица за брзи дејствија и бавна политика“.

Актуелниот „врв на копјето“ не е прва НАТО единица за брзи дејствија. Но досега Алијансата трпеше последици од колебањето на бројни членки, своите елитни единици ги ставаат во функција на сојузот во соодветен број: Сега е поинаку- веќе општо стана толкувањето дека кризата во Украина е еден вид будилник кој го тргна НАТО од летаргија. Новите трупи, секако, не се дефинирани како трупи за плашење на Русија туку како единици за одвраќање на потенцијалните агресори. САД веќе на основа на билатерални договори имаат неколку стотици војници во земјите во источна Европа. Свои брзи единици подготвува и Велика Британија.

Поглед кон исток

На крајот на јануари почнаа НАТО-вежбите во кои офицерите и планерите на компјутер го симулираат движењето на трупите. На крајот на април следи вистинска вежба- колку брзо трупите можат да се спакуваат, да тргнат и да пристигнат на одредената дестинација? НАТО засега не дефинираше точна брзина, се споменуваат 48 или 72 часа од тревогата до полна борбена готовност на граница. Овде гласи девизата: колку побрзо- толку подобро.

На лето се планира да биде изведено и првото пробно движење на трупите. Најголемиот проблем веќе се наѕира- транспорт на опремата и возила до потенцијалниот фронт. Транспортни авиони нема доволно, а железницата веќе не располага со доволно тешки товарни вагони како во време на Студената војна. Кога трупите сепак некако ќе стигнат таму каде што треба ќе ги сочекаат подготвени резерви на муниција, храна, тешка опрема како и 40-тина официри, пред се’ стручњаци за логистика и комуникација. Вкупно би требало да има шест вакви бази- во три балтички земји, Полска, Романија и Бугарија. Значи сите кон исток.

Трошоците за целиот потфат се’ уште не се пресметани. Командните пунктови и малите бази во целните подрачја изнесуваат околу 10 проценти од целиот трошок и би требало да се финансираат од заедничка каса. Остатокот ќе го плаќаат државите кои и ги испраќаат војниците. Целосно во согласност со непишаното правило на НАТО: „Кој пука, тој плаќа.“ Иако плаќа и оној кој оди, без испукан куршум, само да го заплаши потенцијалниот агресор.