1. Прескокни до содржината
  2. Прескокни до главната навигација
  3. Кон други страници на DW

НАТО единица за одбрана од АБЦ оружје

4 декември 2003
https://p.dw.com/p/AdN9

Поука по нападите од 11 септември - НАТО мора да реагира брзо, флексибилно и високо специјализирано на новите закани. За одбрана од атомско, биолошко и хемиско оружје, вчера во чешкиот град Либерец е основана нова специјална едница на НАТО, со која раководи чешкиот мајор Вратислав Освалд. Чешка, која е член на алијансата четири години, важи како водечка земја што се однесува до одбраната од АБЦ оружје.

160 чешки професионални војници, специјализирани за одбрана од атомско, биолошко и хемиско оружје, го преземаат раководењето со мултинационалната специјална единица која брои 500 луѓе. Нивната мисија гласи - да се стапне на трагата на оружјето за масовно уништување во светот кое е во раце на терористи. Тие мора да бидат подготвени да реагираат во секое време во рамки на новаите сили за одговор на НАТО.

Од европскиот штаб на НАТО во Брисел, во Либерец пристигна вице-адмиралот Роберто Цесарети. "Сметам дека е ова историски настан. Денеска НАТО е оспособен за уште една задача. Со тоа ги следиме заклучоците на самитот на НАТО во Прага. " Повеќето од војниците во новата единица имаат искуства од Кувајт и Ирак. И, добиле искуство во меѓународно соработување. За нив претстои и задачата - да ги поправата своите познавања на англискиот јазик. Чешка ќе ја води единицата во наредните шест месеци. германскиот Бундестаг засега не е дел од неја, но Германците ја преземаат командата со единицата во јули наредната година.