1. Прескокни до содржината
  2. Прескокни до главната навигација
  3. Кон други страници на DW

НАТО ги зголемува трупите во Авганистан

8 декември 2005

Апсењето на Анте Готовина е поздравено и во седиштето на НАТО во Брисел каде што денеска заседваат министрите за надворешни работи на земјите членки на Алијансата. Генералниот секретар на НАТО, Јап де хоп Шефер изјави дека се зголемува бројот на трупите во Авганистан.

https://p.dw.com/p/AcbC
Јаап де Хоп Шефер со Кондолиза Рајс
Јаап де Хоп Шефер со Кондолиза РајсФотографија: AP

Генералниот секретар на НАТО Шефер изјави дека министрите за надворешни работи се согласиле за зголемувањето на бројот на НАТО трупите во Авганистан од сегашните 10 на 16 илјади. На југот на земјата ќе бидат испратени канадски и британски трупи:

„На тој начин НАТО ќе оперира на три четвртини од територијата на Авганистан. Алијансата ќе биде присутна и на југот од земјата на територија на која има насилства, но не смее да има никакво сомневање: нашите сили ќе располагаат со опрема и ќе бидат поддржувани за работата што треба да ја завршат. Особено важно: тие ќе им донесат мир на луѓето во Авганистан кои многу страдаат„

Во врска со Косово, Шефер изјави:

„НАТО во целост ја поддржува мисијата на претседателот Ахтисари на преговорите за статусот на Косово. И дозволете да го повторам она што веќе го кажав: ако која и да е страна се обиде да употреби сила за да влијае врз политичкиот процес, ќе се соочи со остар одговор на КФОР„.

Пред почетокот на средбата американската министерка за надворешни работи Кондолиза Рајс повторно ги отфрли обвинувањата според кои ЦИА мачела осомничени за тероризам во Европа. „Ниту сме користеле аердодорми, ниту воздушниот простор на Европа за да префрлиме лица во места каде што би биле измачувани.