НАТО во заштита на Олимпијадата
6 август 2004НАТО започна со интензивното надгледување на воздушниот простор на Грција. Околу 10 авакси кружат во смени преку источниот дел на Средоземјето за да открие што и да е што може да биде сомнително. Ако се открие нешто такво командната централа на НАТО во Лариса може да ги покрене пресретнувачките ловци-авиони од Грција и од други членки на алијансата. Околу Атина се поставени и одбранбени ракети од типот Патриот. Ако не се одговори на предупредување, следува наредба за напад. Меѓутоа, наредбата може да дојде само од грчката влада вели портпаролот на НАТО Џејмс Апатураи:
“НАТО во ниту еден инцидент нема активно да реагира. Ако нашите авиони откријат нешто, ќе ги информираат грчките власти и тие, а не НАТО, ќе решат што треба да се прави“.
Сето вкупно треба да трае најмногу 20 минути. За да се спречат напади од море, кружат околу 12 патролни бродови на НАТО и уште 35 на грчката морнарица. Во летувалиштето Халкида, 90 километри североисточно од Атина е сместен и анти-терористички баталјон на НАТО, меѓутоа тоа не е борбена единици, велат во Брисел. Апатураи вака ја оценува веројатноста да дојде до серизоен случај:
“Сосема сме сигурни дека Грците направија се што е можно да гарантираат безебдност. Нема никакви индиции дека претстојат напади, но мора да се биде подготвен“.
Тоталното надгледување што гордо го најави грчкиот премиер Костас Караманлис, наидува и на критики. Многумина граѓани на Атина сметаат дека се ограничени нивните граѓански права. Претседателот на Меѓунардониот олимписки комитет Жак Роге ги брани ваквите безбедносни мерки:
“Тие нема да влијаат врз атмосферата на игрите. Тие се неопходни. Ја пофалувам грчката влада за нејзините настојувања. Тоа е она што го очекува светот од Олимпсиките игри“.
НАТО кој првпат во ваков обем обезбедува помош за цивилна манифестација, операцијата ја крсти “Достоинствени игри“ , но за сосема други игри.