1. Прескокни до содржината
  2. Прескокни до главната навигација
  3. Кон други страници на DW

Настаните на Косово

12 февруари 2007

Ситуацијата на Косово е една од темите со кои денеска се занимаваат германските весници. Посебно по саботните немили настани во Приштина, каде во судирот меѓу полицијата на ОН и демонстрантите на здружението “Самоопределување“ загинаа две лица, а над 80 беа повредени. Пренесуваме дел од пишувањата

https://p.dw.com/p/Ae4U

Весникот “Франкфуртер Алгемајне Цајтунг“ во коментарот по саботните насилни демонстрации во Приштина забележува:

“ Поранешниот шеф на косовската влада Рамуш Харадинај е голем моќник кој не се плаши од ништо и влева страв. Ниту актуелниот премиер и поранешен лидер на бунтовниците, Агим Чеку како политичар не спаѓа во оние кои многу одолговлекуваат. Двајцата постојано апелираа до населението на Косово да го чуваат редот и мирот во овие важни денови за иднината. Но младите кои се осудија да им се спротивстават на предупредувањата на моќниците спаѓаат во армијата разочарани, кои не ја гледаат сопствената иднина и заради тоа го следат несомнено тоталитарниот Агим Курти. ЕУ ќе има тешка задача на Косово“ забележува во коментарот “Франкфуртер Алгемајне Цајтунг

Весникот “Зидојче Цајтунг“ во коментарот под наслов судир во една партија забележува:

“Вистинските лидери на Косовските албанци добро ги прифатија предлозите на Марти Ахтисасри иако тие целосно не им се допаѓаа. Ним не им се допаѓа тоа што треба да ги распуштат своите вооружени единици. Се би можело мирно да се реши најдоцна воочи планираните избори. Се надеваме дека тоа ќе помине мирно. Поделбата во партијата на поранешниот претседател Ибрахим Ругова е лош знак. Имаше судири и посегфнување по оружје“ закључува во коментарот весникот “Зидојче Цајтунг“