1. Прескокни до содржината
  2. Прескокни до главната навигација
  3. Кон други страници на DW
Криминал

Напаѓачот од Норвешка е фатен

ЕМФ | агенции
20 мај 2022

Напаѓачот кој во Норвешка со нож повреди неколку лица, е фатен, соопшти полицијата. Мотивите за нападот сѐ уште не се познати.

https://p.dw.com/p/4BcSO
Norwegen Oslo Schießerei in Moschee
Фотографија: picture-alliance/AP/NTB Scanpix/T. Pedersen

Најмалку четри лица, од кои едно тешко, се повредени во нападот со нож кој се случи претпладнево во југоисточна Норвешка.

Напаѓачот, чиј идентитет не е соопштен, е фатен, соопшти норвешката полиција.

„Можам да потврдам дека насилникот го имаме под контрола“, изјави за Ројтерс портпарол на полицијата. „Не веруваме дека имало такви
повеќе престапници.“ 

Според полициски наводи, изборот на жртвите бил случаен. Кој е мотивот за нападот засега е непознато.

Вилијам Скот, кој разнесувал стока во околината, за весникот ВГ изјави дека видел повредена жена на земја: „Прво мислев дека станува збор за судир на возила, бидејќи на земја имаше голема локва крв“, рече тој. 

Денешниот напад се случи во местото Нуре, во долината Нумедал, северно од Конгсберг, каде во октомври минатата година маж уби пет лица користејќи ножеви и лак и стрела.

Судењето на данскиот државјанин обвинет за тој напад, кој според експертите има психички проблеми, започна во четвртокот (19.05).