1. Прескокни до содржината
  2. Прескокни до главната навигација
  3. Кон други страници на DW

Нобелот за хемија за тројца научници

Б. Георгиевски/ртр7 октомври 2015

Тројца научници од Шведска, САД и Турција ја добија Нобеловата награда за хемија за нивната работа на откривањето како клетките ја обновуваат оштетената ДНК, со што отворија нови патишта за борба против ракот.

https://p.dw.com/p/1Gjsn
Фотографија: Reuters/F.Sandberg

Деталното разбирање на структурата на ДНК помогна во револуционизирањето на третманот за рак, откако научниците развија нов лек кој ги таргетира специфичните молекуларни патишта кои ги користат клетките на туморот за да се шират.

Томас Линдал, Пол Модрич и Азиз Санкар ја добија наградата поради „механичките студии на обновувањето на ДНК“. Нивното истражување откри како клетките ја обновуваат Дезокси-рибонуклеинската киселина (ДНК) со што се спречуваат грешките да се повторуваат во генетската информација.
Кај многу видови рак, еден или повеќе од овие обновливи системи е отшетен.

„Нивната работа ни даде основно знаење за тоа како функционираат живите клетки и тоа се користи за развој на нови третмани на ракот“, соопшти Шведската кралска академија.

„Тоа е важно за спречување на ракот и за третман на болеста. За тоа ја добив наградата“, изјави Санкар, кој има американско и турско државјанство и е професор на Универзитетот во Северна Каролина.
„Многу работев за да ја добијам наградата но не ја очекував оваа година. Не бев ни свесен дека сум номиниран“. Санкар, кој вели дека бил преплавен од повици, рече дека планот сега му е „да се истушира, избричи и да оди во својата лабораторија“.

Линдал, кој работи во британски Институт рече дека е изненаден од веста, иако знаел дека е во игра за наградата „заедно со уште стотици други луѓе“. Третиот добитник, Модрич е истражувач во медицинскиот Институт Хауард Хјуз на Универзитетот Дјук во САД.